Националната палата на уметноста - Украина (украински: Національний палац мистецтв "Україна") или Палата Украина е објект кој се наоѓа во Киев, Украина. Зградата служи најмногу како концертна сала.
Институцијата била основана во 1970 година како најголем центар на кулрурата и уметноста. Објектот бил дизајниран од страна на група архитекти под раководство на П. Зилитски и И. Вајнер и има трапезоидна форма Entsyklopediya Kyiv . На сите архитекти по една година од отворањето, им била доделена национална награда за проектирање и изградба. зградата се состои од околу 300 простории.
Кристина Агилера, Енрике Иглесијас, Лучано Павароти и Софија Ротару Official website се некои од уметниците кои биле овде. Главната концертна сала има капацитет од 3,714 луѓе.
Наводи
Категорија:Култура на Киев Категорија:Дворци во Киев