Улицата Олес Гончар (украински: Вулиця Олеся Гончара ) е улица која се наоѓа во Киев, Украина. Улицата се наоѓа во реонот Шевченко, и истата граничи со Житомирската улица до плоштадот на победата и Димитровата улица.

Била изградена во 1850-тите години. Во текот на годините имала повеќе имиња: Маловладимирска улица (1834-1836) Столипинска улица (1911-1919) Григориска улица (1919-1937) Улица Ладо Кецховели (1937-1939) Чкалова улица (1939-1941) и (1944-1996) Улица Владимир Антонович (1941-1943)

Категорија:Улици во Киев