За други значења на поимот Бигла, видете на појаснителната страница

Бигла — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.

Географија и местоположба Бигла се наоѓа на северозападните падини на планината Голак, во западниот дел на територијата на Општина Делчево и неговиот атар се граничи со Општина Виница. Селото е од разбиен тип и неговите маала се наоѓаат на надморска височина од 722-803 м. Атарот на селото зафаќа мала површина од 32 км2. Од Делчево е оддалечено 14 км.

Историја Во почетокот на XX век, Бигла било македонско село во Кочанската Каза на Отоманското Царство.

Во Првата балканска војна, од селото имало тројца доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 829.

Во 1924 година, чета на ВМРО на чело со војводата Дончо Христов водела целодневна борба против српска потера.Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 - 1924, Льовен, 1965, стр. 718.

Вкупно 11 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство Селото има мешовита земјоделска функција. Во селскиот атар преовладуваат шумите на површина од 1.591,4 ха, на пасишта отпаѓаат 787,7 ха, а обработливото земјиште се простира на површина од 679,8 ха.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бигла имало 640 жители, од кои 600 Македонци и 40 Роми.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 226. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Бигла имало 736 жители Македонци.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 132-133.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Бигла живееле 274 жители, од кои 272 Македонци и 2 Срби.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 159 жители, од кои 143 Македонци, 4 Албанци, 1 Србин и 11 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Бигла:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994, 2002 и 2021 година (согласно територијалната организација од 1996 година). Извор: ДЗС .

Година Македонци Албанци Турци Срби Вкупно 1948 — — — — — — 754 1953 838 0 0 0 6 — 844 1961 721 4 6 0 0 — 731 1971 868 1 6 0 1 — 677 1981 448 0 0 1 2 — 451 1991 330 0 0 0 0 — 330 1994 343 0 0 0 0 — 343 2002 272 0 0 2 0 — 274 2021 143 4 0 1 0 11 159

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години. Општествени установи мини|300x300пкс|Поглед на селото Во селото има основно училиште, амбуланта, фабрички погон, продавници и угостителски објекти.

Самоуправа и политика Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1952 година.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Делчевската околија.

Избирачко место Во селото постои избирачко место бр. 0604 според Државната изборна комисија, кое е сместено во објектот на селската месна заедница.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 218 гласачи.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 201 гласач.

Културни знаменитости

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Крсто — старохристијанска црква Могила — могила од римско време Могила - Ано — могила од римско време Селиште — населба од доцноантичко време Селиште — населба и могила од римско време Стара Река — некропола од доцноантичко време

Цркви Црква „Св. Ѓорѓи“ — срушена црква, изградена во 1910 г., а нејзините икони пренесени во црквата „Св. Богородица“ во Делчево

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Делчевски села Категорија:Села во Општина Делчево