Талашманце — село во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.
Географија и местоположба
Историја Во XIX век селото било дел од Кратовската Каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Талашманце живееле 364 жители, сите Македонци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.223. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Талашманце имало 232 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.130-131.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 150 жители, од кои 149 Македонци и 1 Турчин.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 92 жители, од кои 87 Македонци и 5 лица без податоци.
Родови
Талашманце е македонско село.
Според истражувањата од 1975 година, родови во селото
Стари родови: Шотевци (10 к.), Глашевци (10 к.), Шаровци (7 к.), Драгашани (4 к.), Гробарци (3 к.), Митковци (2 к.) и Менинци (2 к.) предците на овие родови живееле во старото село, Синовер. Доселеници: Додевци (5 к.) доселени се од селото Гиновци кај Крива Паланка; Баратлици (5 к.) доселени се од селото Петралица кај Крива Паланка.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности Личности родено во Талашманце:
Санде Стојчевски (1925-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кратовски села Категорија:Села во Општина Кратово