Споменикот на Гоце Делчев се наоѓа на плоштадот Македонија во Скопје, Македонија. Споменикот бил најавен како дел од т.н. проект Скопје 2014 и официјално бил поставен на почетокот од мај 2011 година.

Споменикот е сместен покрај Камениот мост, на десниот брег од реката Вардар, а Гоце Делчев е претставен како учител. Веднаш од овој споменик, се наоѓа и Даме Груев.

Даме Груев и Гоце Делчев се првите монументални споменици поставени во рамките на проектот „Скопје 2014“. Спомениците, меѓу првите излеани во леарницата „Фердиндо Маринели“ од Фиренца, со помош на камиони и со обезбедување биле транспортирани до плоштадот.

Поврзано Споменик на Даме Груев (плоштад Македонија) Камен мост Плоштад Македонија

Надворешни врски

Категорија:Споменици во Скопје Плоштад Македонија Категорија:Македонски дела од 2011 година