Нанчо Витларов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Внатрешната македонска револуционерна организација. Животопис Нанчо Витларов е роден во 1901 година во Штип, тогаш во Отоманското Царство. Приклучува кон ВМРО. Во 1928 година по наредба на Иван Михајлов, Витларов заедно со Димитар Џузданов и Димитар Стефанов го убиваат генерал Александар Протогеров и неговиот телохранител му Атанас Гоцев Гаджев, Иван, „Иван Михайлов (отвъд легендите)“, Том I, София 2007, Университетско издателство „Свети Климент Охридски“, стр. 218.. Во знак на одмазда е убиен на 1 ноември 1930 година од протогеровистите. Неговиот погреб бил пропратен со манифестација на штипското земјоделско друштво, на која говореле на Јордан Чкатров и Осмаков. Наводи

Категорија:Дејци на ВМРО