Џејк 2.0 е американска научно фантастична серија која оригинално се емитуваше на каналот УПН во 2003. Серијата беше откажана на 14 јануари 2004 година поради ниските оцени и лошите критики, оставајќи 4 епизоди неемитувани во САД. Во Велика Британија, сите епизоди беа емитувани на Скај1. Сериите подоцна беа емитувани и на ХДНет и на Научно фантастичниот ТВ канал.

Во серијата се зборува за компјутерскиот експерт Џејк Фоли, кој работи за Националната Безбедносна Агенција (НСА) на федералната влада на САД и кој по една несреќа ќе биде инфициран од наноботи кои му даваат натприродни моќи. Тој има способност да ја контролира технологијата со својот мозок.

Улоги Главни улоги Кристофер Горхам како Џејк Фоли Филип Ентони-Родригес како Кајл Дуарте Џудит Скот како заменик-директор Лоис "Лу" Бекет Марина Блек како Сара Картер Киган Конор Трејси како Дајан Хјуз (лекар)

Други улоги Миранда Фригон како агент за технологија Сузан Карвер Рејчел Хејвард како извршен директор Валери Ворнер Грејс Парк како Френ Јошида (асистент на д-р Хјуз) Курт Еванс како агент за технологија Харт Џеси Кадоте како Думонт Џим Бирнес како шеф на полицијата Скерит

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски телевизиски серии Категорија:Американски научнофантастични филмови