Куково — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.

Географија и местоположба

Куково се наоѓа на крајниот југозападен дел на Пробиштипско-злетовскиот басен и територијата на Општина Пробиштип, источно од падините на планината Манговица, а неговиот атар се граничи со територијата на Општина Свети Николе. Оддалечено е на 17 км од Пробиштип, а атарот зафаќа површина од 9,4 км2. Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 570 м. Припаѓа на сливното подрачје на Злетовска Река.

Историја

Во XIX век, Куково се наоѓало во Штипската Каза, во Отоманското Царство.

Во текот на Првата балканска војна, од селото имало 7 доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 855.

Стопанство

Во атарот на селото има земјоделска површина од 992 ха, од кои 449 ха го сочинуваат обработливото земјиште, 404 ха отпаѓаат на пасишта, а на површина од 24 ха се простираат шуми.Населени места во Општина Пробиштип — Куково, официјално мрежно место на Општина Пробиштип.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Куково имало 90 жители, сите Македонци христијани.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 232. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Куково имало 80 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 134-135.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 18 жители, сите Македонци. Бројот на домаќинства изнесувал 10, а бројот на живеалишта 28.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци.

Родови

Куково е македонско село.

Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:

Староседелци: Дедо-Тимовци (3 к.), Корлунци (4 к.) и Соколовци (1 к.) Доселеници: Мартиновци (4 к.) доселени се од селото Петршино, а таму од селото Гујновци; Тнковци (5 к.) доселени се од селото Стануловци во Овче Поле; Какарци-Златановци доселени се од селото Петршино; Божиновци (2 к.) доселени се од селото Макреш во Овче Поле; Катранџијци (5 к.) доселени се од селото Ранченци во Овче Поле; Наковци (4 к.) и Дрчевци (2 к.) доселени се од сега раселеното село Тоол; Накарачи (2 к.) доселени се од селото Мечкуевци во Овче Поле.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Трооло, во која покрај селото Куково, се наоѓале и селата Бучиште, Гајранци, Гујновци, Зарапинци, Лезово, Пестришино, Пуздерци, Стризовци и Трооло. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од некогашната Општина Пуздерци, во која влегувале селата Зарапинци, Куково, Пестришино, Пуздерци, Стризовци и Трооло.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1546 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 4 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Грамадиште — населба и некропола од доцноантичко време; и Мошевица — населба од доцноантичко време.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Пробиштипски села Категорија:Села во Општина Пробиштип