Хорс е источнословенско божество за чија функција се смета дека најверојатно бил бог на Сонцето, но етимологијата на ова божество очигледно не е словенскаНина Анастасова - Шкрињариќ, Словенски пантеон, Нина Анастасова - Шкрињариќ, Менора, Скопје, 2004, стр. 183.. Неговиот древен идол се наоѓал на рид во Киев, покрај идолите на Перун, Дажбог, Стрибог, Симаргл и Мокош. Се претпоставува дека ликот на тоа божество бил формиран под влијаниа од југот. Понекогаш се појавува и под името Сурија (постои и хинуистичко боежство со истото име) односно Зорја. Древните Словени верувале дека Свароговиот син кова ново Сонце и дека Суриевите коњи го пренесуваат преку небото.
Според истражувачите на словенската митологија постои мислење дека Хорс по потекло не бил словенско божество, а според тоа, не постоело ни кај старите Руси, туку му припаѓал на некој друг народ, кој живеел во руската држава, најверојатно на КримТанас Вражиновски, Македонска народна митологија, Матица Македонска, Скопје,2002, стр.34.
Наводи
Категорија:Словенска митологија