Билтен (Кумановско, 1, X 1943 - 20, I 1944) бил орган на Штабот на Петтата оперативна зона на НОВ и ПОМ, на кумановски дијалект. Бил умножуван на циклостил, а зачувани се само два броја. Во уводната статија од првиот број „Народноослободителната војска и партизанските одреди на македојина го бијат окупаторот, ослобаѓаат територија“ се коментира капитулацијата на Италија и создавањето на народноослободителните комитети како органи на борбата, а особено значајни се и натписите за партизанските дејствија во Тиквешијата и Кумановско.

Наводи

Литература Македонска енциклопедија (прва книга). „МАНУ“, Скопје 2009 година. Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980

Категорија:Народноослободителна војска на Македонија