Васко Анастасов е еден од основоположниците на македонското новинарство. Во есента 1942 година го уредува илегалниот информативен Билтен и Радио весник за Тиквешкото подрачје. Во периодот од 1945 до 1955 година бил новинар на „Нова Македонија“ и на Радио Скопје. Дипломирал на Новинарско-дипломатскиот факултет во Белград. Бил постојан дописник на „Нова Македонија“ за Блискиот Исток во Истанбул (1953-1954). Од 1955 до 1983 година бил директор и главен уредник на неделникот „Трибина“.
Публицистички трудови „Нов живот“ (1951) „Патувања по турските полиња“ (1955) „По трагите на Насредин Оџа“ (1956) „Каде оди Кина“ (1981)
Категорија:Македонски новинари