Апуримак (Apurímac) е регион во Перу. Регионот се граничи со Куско на исток, со Ајакучо на запад и со Арекипа и Ајакучо на југ. Името на регионот е од кечуанско потекло и значи „каде боговите зборуваат“. Името се однесува на планините во регионот, кои пак симболизирале богови од религијата на Инките.
Административна поделба Регионот е поделен на седум покраини, кои се поделени на 80 окрузи. Во прилог следуваат покраините со главните градови:
Абанкај (Абанкај) Андауајлас (Андауајлас) Антабамба (Антабамба) Ајмараес (Чалуанка) Чинчерос (Чинчерос) Котабамбас (Тамбобамба) Грау (Чукибамбилја)
Познати личности Значајни личности од регионот се: Хуан Еспиноза Медрано, писател и свештеник. Хосе Марија Аргедас, поет, писател и антрополог.
Поврзано
Административна поделба на Перу Перу
Категорија:Региони во Перу