Петар Поп Арсов (14 август 1868 — 1 јануари 1941) — македонски национален херој, филолог, револуционер, еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација, долгогодишен член на ЦК, задграничен претставник на организацијата, автор на Првиот устав на Внатрешната организација и автор на познатата публикација „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“, идеолог, книжевник, публицист, борец за национално, културно и духовно издигање на македонскиот народ. Поборник за македонската самобитност. Борец за воспоставување на самостојна независна држава Македонија, за изградување на независна Македонска црква и образование и македонскиот литературен јазик и правопис.Ванчо Ѓорѓиев, Петар Поп Арсов. Прилог кон проучувањето на македонското националноослободително движење, Скопје, 1997
Основно образование завршил во родното село Богомила 1877/78 — 1880/81 г. Школувањето го продилжил во Велес каде изучил трикласно ниже гимназиско образование во годините 1881/82 — 1883/84 г. Се запишал во Солунската гимназија Св. Кирил и Методиј и таму завршил 4-7 клас во периодот 1884/85 — 1887/88 г. Кога бил 7 клас во Солун бил исклучен од гимназијата и школувањето го продолжил во Белград, во учебните 1888/89 и 1889/90 г., меѓутоа и од таму бил исклучен и заедно со 34 македонски ученици се префрлил во Софија. Во бугарската престолнина студирал на Филолошкиот факултет при Универзитетот Св Климент Охридски, во учебната 1890 — 1892 г. — прва и втора год., а потоа студирал на Филозофскиот факултет, оддел филологија, како вонреден студент.
Петар Поп Арсов е меѓу оние македонски дејци (Даме Груев, Крсте Петков Мисирков и др.) кои созреале на релацијата Солун — Белград — Софија. Во текот на оваа патешествие Поп Арсов како и голем број негови сопатници, разбрал дека ослободувањето на Македонија може да стане само со сопствени сили, без да се бара бара помош од некого: Секој што однадвор ќе ни ја подари слободата, ќе ни ја земе земјата.
Во Софија станал еден од основачите на Македонското студенско друштво (заедно со Даме Груев, Христо Поп Коцев, Димитар Мирчев, Никола Дејков и др. ). Учествува во работата на оформување на уставот и правилникот на друштвото. По растурањето на друштвото учествува во основањето на Младата македонска книжевна дружина и влегол во редовите на Лозарското движење (заедно со Георги Баласчев, Георги Белев, Климент Караѓулов и др.). Арсов бил поставен за главен уредник на весникот Лоза, официјален орган на Лозарите. Од првиот број на списанието каде го објави и својот расказ На Мокров, воведе еден нов македонски фонетски правопис, каде и за првпат ги наоѓаме и употребени и карактеристичните букви: К', Г', Н’, а се исфрлени двогласните букви:Ъ, Ю, Ь, a гласот Ј е предаден во I.Лозарски списанија помеѓу 1892 - 1894
По растурањето на Младата македонска книжевна дружина и забраната на Лоза, Арсов заминал за Македонија и во есента 1893 година се вработил како професор во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Во Солун повторно се сретнал со своите стари познаници меѓу кој и Даме Груев. Во тој период меѓу потесен круг на македонски интелектуалци се појавила идејата за основање на една револуционерна организација, во овие случувања активно зел учество и самиот Поп Арсов. Тој ја прифатил иницијативата и станал еден од шесмината основоположници на Македонската револуционерна организација, и изготвувач на првиот устав на Организацијата, 1893 г.
Во текот на својата дејност во Внатрешната организација извршувал повеќе функции и отстварил повеќе активности. Бил: претседател на Прилепскиот околиски комитет во 1896 г., директор на егзархиските училишта во Штип, 1896 г., претседател на окружниот комитет, 1896 г. По Виничката афера, првото масовното разоткривање на Внатрешната организација од османлиската власт е обвинет за - организирање востание и е осуден на 101 г. од страна на специјален воен суд во 1897 г. бил испратен во Подрум Кале, каде бил до 1902 г., кога бил амнестиран. Останал настрана за време на Илинденското востание, поради апсење по Солунските атентати, (во тоа време дошло до саморастурање на Централниот комитет). Арсов стнал член на ЦК на Внатрешната организација, 1904 г. Учествува во работата на Рилскиот конгрес, 1905 г. и бил избран за задграничен претставник, учествува во дејноста на организацијата сè до нејзиниот неформален расцеп.
За време на подготовките на списанието „Македонија“, двапати бил притворан како интелектуален поттикнувач. Учествувал во работата на Народната федеративна партија и парламентарните избори во 1910 г. Се заложил за изградување на независна Македонска црква и независно образование, ја пласирал идејата за отворање на Висока педагошка школа во Скопје со статус на државен факултет, со Теодосиј Гологанов и Крсте П. Мисирков. За време на Првата балканска војна се повлекол во Велес , каде организирал семакедонска конференција, на која заедно со Димитрија Чуповски, бил избран да отпатуваат во Лондон за да го постават — македонското прашање на Мировната конференција, неговиот поглед по во ова прашање го дознаваме од реченицата:Македонија ако ја немаше би требало дипломатијата да ја создаде за доброто на Балканот, но под притисок на српската власт биле разоткриени, Чуповски се вратил во Русија , а Петар под закана за сопстевниот живот пребегал во Бугарија. Во 1914 г. Во Костенец станал учител. Во 1920 г. се повлекол од јавниот политички живот и се оженил со учителката од Солунската женска егзархиска гимназија, Христина Начева. Во 1930 г. се преселил во Софија (се претпоставува дека контактирал со Македонскиот литературен кружок), каде останува до крајот на животот.
Бил уредник на списанието Лоза — официјално списание на Младата македонска книжевна дружина, 4 броја; (01. 1892 — 06. 1892 г.), го објавува прозниот расказ На Мокров во Лоза, (дејството е локализирано во родната Богомила, секојдневие од животот на поробената Македонија, во него за првпат се употребени меките македонски согласки, и формата на графемите, потоа, редовната употреба на тројниот член. По прашањето за изградување на македонски литературен јазик и правопис, Арсов сметал дека најприфатлива основа е живиот говорен македонски народен јазик и фонетски правопис како принцип при конечното оформување. Ја напишал брошурата Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници, под псевдонимот Вардарски, во која ја демаскирал бугарската денационализаторска политика во Македонија. Во четвртиот број на билтенот на Привременото претставништво на поранешната Внатрешна организација ја објавил статијата Распни ја. Во осмиот број, статијата Потеклото на револуционерното движење во Македонија и првите чекори на Солунскиот комитет за придобивање политички права на Македонија дадени со Берлинскиот конгрес Билтен на Привременото представништво на обединената бивша Внатрешна македонска револуционерна организација, Бр. 8, 19 јули 1919 г., стр. 2-3.. Објавувал и алегорична поезија Бабуна, велика македонска планина.
Петар Поп Арсов е единствениот основоположник на Внатрешната организација кој го потпишал апелот на привременото претставништво на поранешната ВМРО, со кој се барало воспоставување на Македонија како самостојна и независна држава на Балканот во нејзините природни и географски граници. Решенијата на Париската мировна конфеенција, која всушност со мали измени ја потврдила одлуката од Букурешкиот мировен договор биле причина за големата разочараност кај него и повлекување од јавната политичка сцена. Потекло
200px|мини|лево|Црквата Св. Богородица, поглед од страната на камбанаријата, во село Ореше350px|мини|десно|Римски мост на реката Бабуна во село Богомила Во југозападниот дел на велешката околија се наоѓа областа Азот, планинско - ритчеста висорамнина. Според народните преданија областа своето име го добила од турскиот збор асси, поради бунтовничкиот и непокорлив карактер на населението Револуционерните борби во Азот (Велешко) и Поречието, Стефан Н. Аврамов, Софија, 1929. Во втората половина на XIX век, Азот бил оделна административна единица во рамките на Велешката Каза со нахиски центар во Богомила. Нахијата се состоела од 14 села распространети по реката Бабуна и падините на истоимената планина. Поголемиот дел од населението во оваа област е од племето Брсјаци, додека селата Ореше и Папрадиште биле населени со Мијаци. Во околу три села живееле исламизирани Македонци, а во селото Согле живееле Албанци кои биле тенденциозно население од османлиската власт.
Во целата област, со својата големина и дух се издигнала Богомила, која своето име го добила по основачот на Богомилството, поп Богомил. Во некогашната лулка на богомилското движење во семејството на попот Илија и презвитерата Ѕуна Поп Арсови се родил нивниот втор син Петар. Поп Арсови биле едно од водечките семејства во Богомила со постојана служба на народот. По иницијатива на ова семејство, во 1868 година, кога се родил Петар Поп Арсов, во Богомила било отворено 4 годишно основно училиште, во кое се предавало на македонски народен јазик. Споменатото училиште било изградено со заеднички пари на сите селани во висина од 10 000 гроша.
Своето рано детство го минувал со своето семејство кое што целосно било предано кон развојот на црковно-училишното дело. Во Богомила, се стекнал со основно образование кое траело од 1877/78 до 1880/1881 учебна година. Во Богомила се задржал до својата 13 година од животот и имал можност да се запознае со тешкиот живот на своите соселани, наметнат од османлиската власт. Во истиот период се запознал и со слободарските стрмежи на македонскиот народ изразени преку разни форми на отпор, вклучително и вооружената борба која биланасочена против официјалната власт и разните албански разбојнички банди.
Во текот на 50-тите и 60-тите на XIX век во Азот се движеле повеќе разбојнички банди. Над мирното македонско население со своите зулуми се истакнал Зендил ага со својата банда. Во почетокот на 60-тите годиниа, Андреја Ќуљашев и неколкумина орешани ја ликвидирале Зендиловата дружина. Охрабрени од овој подвиг, орешани и селаните од Црешново го ликвидирале арамијата Ибраим. Во периодот помеѓу 1865-1875 година, во Азот се движел разбојникот Фета Џока, а околу 1880 година Фејзо ага. Семјството Ќуљашеви од селото Ореше во овој период се истакнало во заштитата на христијанксото население во Азот. Браќата Андреја и Мано Ќуљашеви во 1872 година го ликвидирале Селман ага заедно со неговото седмучлено семејство и сиот добиток на неговиот чифлик во Согле. Селман бил ликвидиран поради поддршката што ја давал на патријаршистите и малтретирањето над попот Спасе од Теово. Во борбата против разбојничките дружиби во Азот, се истакнал и Темелко од Богомила. За овие случувања, младиот Петар слушнал од постарите и тоа оставило длабока трага врз неговата детска душа што подоцна ќе најде одраз во неговиот расказ На Мокров .
Поради планинскиот релјеф и слабат плодност на земјата, населението било принудено да одат на печалба надвор од Македонија, особено во Србија. Првиот човек кој заминал на печалба во Србија бил дедо Мирче поради што бил наречен Србот . Набргу потoа се зголемил брјот на печалбарите кои заминувале во оваа балканска земја. Со печалбарството се зголемила и опасноста од српската пропаганда во Богомила што печалбарите ја носеле со себе. Во 1882 година, младиот Петар имал можност да види како поп Ангеле отворено застанал на страната на србоманите, со што настанал до раздор меѓу богомилчани на два спротивставени табора. Поп Арсовото школување во Богомила било надополнето и со настаните од големата источна криза, кога македонскиот народ го искажал своето незадоволство преку Разловечкото и Кресненското востание.
Образовна одисеја
мини|лево|150п|Коста Шахов350px|мини|десно|Софискиот универзитет Св. Климент Охридски