Ридот — археолошко наоѓалиште во поречкото село Белица. Претставува населба од хеленистичкото и римското време, старохристијанска црква и некропола. Се наоѓа на северната периферија на селото, на високо плато оградено со ридови, на простор од околу 300 × 200 м, каде по површината на нивите се наоѓаат грамади од градежен материјал, фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди. На североисточниот крај од наоѓалиштето се откриени некропола и темели од мала старохристијанска црква. Гробовите се градени од големи камени плочи и имаат насоченост исток-запад. Најдени се голем број монети од кои дваесетина се кај месен жител на селото. Две од монетите се ковани во времето на Александар Македонски, една во Пела, а останатите се од III-IV век.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Варница — некропола од доцноантичкото време; Миткороен — утврдена населба од доцноантичкото време; Кале — градиште од доцноантилко време; Столоватец — градиште од доцноримско време; Глибовец — кастел од доцноантичкото време; Аништа — некропола од средниот век; Влак — некропола од средниот век;
Наводи
Категорија:Белица (Порече) Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола Категорија:Древномакедонски гробници