Готланд (швед. Gotlands län) е округ (län) во Шведска. Самиот остров Готланд е најголемиот во земјата и е сместен во Балтичкото Море, источно од поблискиот остров Еланд. Окрузите во Шведска обично се делат на општини, но округот Готланд е единствен во државата што има само една општина (Готланд) и нема окружен совет. Задачите на окружниот совет ги врши општината. Ова главно подразбира здравство и јавен превоз. Меѓутоа округот има окружен административен одбор, кој е државен орган. Одборот и општината се сместени во најголемото населено место на островот — градот Висби (22.000 жители).
Покраина Округот во Шведска е чисто административна единица наменета за политичко-управни цели. Поранешната покраина Готланд ја опфаќала истата површина од 3184 км2 Статистички годишник на Шведска 2009 (3151 км2 без езера и реки).
Управа Административниот одбор го назначува владата и има за цел да усогласува да го сообразува управните работи со државните политички цели на земјата зацртани во парламентот и владата, да ги застапува интересите на округот, да го развива, да определува негови сопствени цели и да ги контролира правните работи. На чело на административниот одбор стои гувернер.
Готланд е единствениот округ во земјата што нема окружен совет и што има само едена општина и еден повикувачки број.
Поврзано Готланд (општина) Историја на Готланд
Наводи
Надворешни врски Административен одбор на округот Готланд Општина Готланд
Категорија:Окрузи во Шведска Округ