Мулде () — река во Саксонија и Саксонија-Анхалт, Германија. Таа е лева притока на Елба и е 124 километри долга.

Реката се формира со влевање, во близина на Колдиц, на Цвикауер Мулде (тече низ Цвикау) и на Фрајбергер Мулде (Фрајберг е на нејзините брегови), двете извираат од Рудните Планини. Оттука реката тече кон север низ Саксонија (Грима, Вурцен, Ајленбург, Бад Дибен) и Саксонија-Анхалт (Јесниц и Десау, стариот главен град на Анхалт). Мулде се влева во Елба на 3 километри северно од Десау.1911 Encyclopædia Britannica

Во август 2022, поплавата предизвика неколку оштетувања, кои дури го загрозија и светското природно наследство на УНЕСКО „Градинарско кралство Десау-Верлиц“ и градот Десау. Особено градовите Дебелн и Грима страдаа од штетите од поплавата.

Нејзиното име може да доаѓа од старогерманскиот (можеби готски) „Мулда“, што значи „жед“. Но, поверојатно е дека е поврзано со германскиот „mahlen“, што означува „меле“. Затоа, Мулде веројатно значи „река што меле“ и се поврзуваат бројните воденици на реката што постоеле некогаш. Денес, таму има хидроелектрични централи во употреба.

Наводи

Категорија:Слив на Мулде Категорија:Реки во Саксонија Категорија:Реки во Саксонија-Анхалт