Венера-7 била совјетска автоматска научно-истражувачка станица (вештачки сателит) наменета за истражување на планетата Венера. Лансирана е на 17 август 1970.

Текот на мисијата Влезот во атмосферата во Венера и одсекот за симнување се случило на 15 декември 1970 година. По аерофинамичното застанување, бил активиран падобранот. Антената на капсулата била активирана, и сигналите од капсулата биле примени на Земјата околу 35 минути.

По симнувањето на планетата, податоците биле пратени преку радио-врска уште 23 минути, но со значително помала јачина. Капсулата со тоа станала првиот објект изграден со човечка рака, кој успеал да прати податоци од површината на некоја друга планета.

Основни податоци за летот Датум на лансирање: 17 август 1970 Ракета носач: Место на лансирање: Тјуратам, Бајконур Маса на сателитот (kg): 1180

Галерија

Поврзано Венера-6 Венера-8 Венера (програма)

Надворешни врски

Советското истражување на Венера

Користена литература NASA каталог на космички летала

Категорија:Венера (програма) Категорија:Вселенски летала пуштени во 1970 година