Припор — населба во состав на Општина Кисела Вода во Скопје.
Географија и местоположба Припор се наоѓа во Скопската Котлина близу планината Водно.
Население Според пописот од 2002 година, во населбата имало 3,009 жители, сите Македонци
Според последниот попис од 2021 година, во населбата живееле 5,648 жители, од кои 5,512 Македонци, 15 други и 121 лице без податоци.
Населбата е целосно населена со Православни Христијани.
Историја Населбата Припор била создадена помеѓу 1956-1960 година. Пред да стане населба било мало населено место каде што имало земјоделски обработки. лево|мини|358x358пкс|Улица во Припор во 2024 година Населението на Припор е скоро целосно дојдено од блиските села како што се : Нова Брезница, Јаболци, Говрлево, Ракотинци, Осинчани и други.
Населба Припор била кратко дел од Општина Сопиште во периодот од 2004 до 2013 година. За време на оваа реорганизација на општинските граници, Припор била префрлена од Општина Кисела Вода во Општина Сопиште. Сепак, со новите административни промени во 2013 година, Припор повторно станала дел од Општина Кисела Вода.
Самоуправа и политика Припор е населба во состав на Општина Кисела Вода
Општествени установи Црква „Преображение Христово“ Спортско игралиште „Александар Ивановски - Теферич Поврзано Припор (појаснителна страница) Општини во Македонија Општина Кисела Вода Град Скопје Населби и маала во Скопје
Наводи Категорија:Општина Кисела Вода Категорија:Населби и маала во Скопје