Ерековци — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп, од левата страна на патот Прилеп - Битола.

Географија и местоположба мини|лево|Зајдисонце кај Ерековци

Ерековци е рамничарско село на надморска височна од 660 метри, недалеку од Бакарно Гумно. Се наоѓа во крајниот јужен дел од Прилепско Поле. Од градот Прилеп селото е оддалечено 22 километри. Во Ерековци работат основно училиште до IV одделение и 4 прехранбени продавници.

Историја Пред доаѓањето на Турците селото се нарекувало Сливово,(Слива = Ерик тур.)

Стопанство Населението се занимава исклучиво со земјоделство особено со одгледување тутун и житни култури (најмногу пченица и јачмен).

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ерековци живееле 478 жители, од кои 360 Турци, 110 Македонци и 8 Роми.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 246. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Ерековци имало 110 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 148-149.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ерековци се води како мешано македонско-турско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 60 куќи.

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Ерековци живееле 554 жители, од кои 425 Турци и 129 Македонци.Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 267.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Турци и 200 Македонци.

Според пописот од 2002 г. во Ерековци живеат 385 жители. Од нив 382 биле Македонци, 1 Србин и 2 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 217 жители, од кои 197 Македонци, 3 Турци, 1 Србин, 1 Бошњак, 3 останати и 12 лица без податоци.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.

ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациВкупно1948—————————8811953266—7361——...——1.0031961698—89......1...1—7891971624116—...2...——6431981677—7———...——6841991556—5———...——5611994450—4———...1—4552002382————1—2—3852021197—3——11312217

Родови

Ерековци е македонско село, додека во минатото во селото имало и Турци.

Турски родови во селото биле:

Доселеници: Гомарлар (10 к.), Сирвилер (8 к.), Љамелер (7 к.), Тиролар (6 к.), Голи Мутолар (6 к.), Палалар (7 к.), Крџелер (13 к.), Кара-Асанлар (13 к.), Амзалар (6 к.) и Ганиалар (5 к.) овие родови претежно дошле во исто време, тоа било во втората половина на XVIII век. Во родот Палалар се знае следното родословие: Селман (жив на 72 г. во 1950-тите) Рамадан-Суљман (наречен Палалар) -Селман-Абаз.

Македонски родови:

Доселеници: Вршковци (12 к.) овде живееле и пред 1912 година, доселени се од селото Штавица, подалечно потекло од селото Кален во Мариово; Од 1912 до 1940 се доселиле родовите; Марковци (3 к.) доселени се од селото Лознани; Карабелевци (1 к.) доселени се од селото Новоселани; Шестаковци (2 к.) и Кромидовци (1 к.) доселени се од селото Боротино; Николевци (2 к.) доселени се од селото Вирово во Железник; Китановци (3 к.), Бошевци (2 к.) и Јошевци (2 к.) доселени се од селото Лознани; Дојчиновци (4 к.) и Наумчевци (3 к.) доселени се од селото Чепигово; Мицковци (5 к.) и Сиџимовци (1 к.) доселени се од селото Шелеверци; Стојковци (1 к.) доселени се од селото Веселчани; Годините 1955 и 1956 на имотите на иселените турски родови населени се Македонци од Караорманските села (10 к.), Струшко (10 к.), Кичевско (5 к.) и Мариово (5 к.).

Општествени установи Основно училиште Кирил и Методиј, до IV одделение. Во селото функционира и Месна Заедница, со цел подобрување на животните услови во селото.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1495 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на просторија на мз.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 252 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани Село Ерековци го слави како селска слава големиот Христијански празник Велигден. По повод Христијанскиот празник Водици,традиционално секоја година селото организира собир во Црковниот Храм -Воскресение Христово-, проследено со фрлање на крст во базенот на Црквата. Култура и спорт Од спортот во Ерековци,постарите генерации го паметат фудбалскиот клуб Стрела. За жал тој клуб повеќе не постои.Во селото долги години опстојувало и Културно Уметничко Друштво.

Иселеништво Во последно време селото почнува демографски да изумира. Тоа се должи на емиграцијата село-град т.е. и така малиот број на младо население во потрага за подобар живот заминуваат во Прилеп, Битола, а нечесто и во Скопје. Заради малиот број на ученици селското училиште може наскоро да биде затворено.

Од село Ерековци постојат голем број на иселеници во Австралија,САД,Германија,Швајцарија,Франција,Австрија,Србија и др.

Турското население од ова село е иселено во Турција.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Прилеп