мини|десно|250п|Икеа во Елмхулт (2005)
Елмхулт (швед. Älmhults kommun) е општина во средишниот дел на округот Крунуберг во јужна Шведска. Административен центар е гратчето Елмхулт.
Историја Во 1901 Елмхулт бил одвоен од Стенброхулт и прогласен за пазариштен град („шепинг“, köping). Дегашната општина е создадена со реформата на локалната самоуправа од 1971, со припојувањето на околните рурални општини кон гратчето Елмхулт.
Елмхулт е значаен како родно место на прочуениот ботаничар Карл Лине (1707-1778). Денес имотот во Росхулт е претворен во музеј, окружен со истите ливади и полиња што го инспирирале научникот да истражува.
Првата продавница на IKEA е отворена во Елмхулт од Ингвар Кампрад, нејзиниот основач и сопственик.
Населени места Во општината Елмхулт има 5 населени места. Тука се наведени по големина Податоци од 31 декември 2005.
бр. Место Население 1 Елмхулт 8.642 2 Дие 867 3 Лијаторп 581 4 Енерида 331 5 Делари 203
Познати личности Карл Лине Ингвар Кампрад
Наводи
Надворешни врски Општина Елмхулт Портал на Елмхулт
Категорија:Општини во Шведска Категорија:Крунуберг