Тале () — град во округот Харц, во сојузната покраина Саксонија-Анхалт, средишна Германија.
Географија
Се наоѓа на реката Боде, приближно 8 километри западно од Кведлинбург. Тале е и завршна станица на железничка линија Магдебург-Тале.
Историја
Населбата Тале, веројатно се појавила во век. Првпат била спомнато во 936 година во врска со соседниот манастир Вендхузен, кој бил основан пред 840 година и бил еден од првите манастири на саксонска земја. Во периодот кој следи, манастирот нашол заштита од манастирот Кведлинбург. Селото било опишано во 1231 година, како Dat Dorp to dem Dale (од 1288 му било даден опис de valle, и од 1303 како von Thale). Манастирот бил уништен во 1525 година, во текот на Германската селанска војна.
Припојувања на други села
Варнштет бил припоен во 2003 година.Биро за статистика Саксонија-Анхалт со регионалните реформи 1994-2007 Во 2009 година, вкупно седум општини биле припоени на четири различни датуми. Вестерхаузен бил додаден во 2010 година. Алроде станал дел од општината Тале во 2011 година.
Поранешна општина Датум Алроде 1 јануари 2011 Алтенбрак 1 јули 2009 Фридриксбрун 23 ноември 2009 Најнштет 1 јануари 2009 Штекленберг 23 ноември 2009 Трезебург 1 јули 2009 Варнштет 21 декември 2003 Ведерслебен 1 јануари 2009 Вестерхаузен 1 септември 2010
Површина на општината Тале
Датум Површина 21 декември 2003 38,13 км2 1 јануари 2009 50,13 км2 1 јули 2009 78,47 км2 23 ноември 2009 102,79 км2 1 септември 2010 120,21 км2 1 јануари 2011 137,62 км2
Историја на населението
Растот на населението (од 1995, бројките се однесуваат од 31 декември):
1825 – 1.406 1875 – 3.311 1880 – 3.683 1890 – 6.292 1925 – 13.545 1933 – 13.557 1939 – 13.520 1946 – 18.082 (29 октомври) 1950 – 17.968 (31 август) 1960 – 17.391 (31 декември) 1971 – 17.620 (1 јануари) 1981 – 16.830 (31 декември) 1984 – 16.423 (31 декември) 1990 – 17.560 (3 октомври) 1995 – 16.230 2000 – 14.539 2001 – 14.167 2002 – 13.877 2003 – 13.631
Политика Градски совет
мини|Градското собрание на Тале
Според официјалните резултати од изборите за градскиот совет Тале на 7 јуни 2009; Учество на гласачите: 42,88 %.
ДХС – 59,2 %, 17 места Левица – 13,3 %, 4 места СлДП – 8,2 %, 2 места СДП – 7,4 %, 2 места Зелени – 4,9 %, 3 места изборна група – 4,1 %, 1 место
Грб
Грбот бил одобрен на 11 јули 1996 година од Регионалниот совет Магдебург (Regierungspräsidium).
Партнерства
Од 1990, Тале има градски партнерства со Зесен (Долна Саксонија) на северозападното подножје на Харц, од 1998, со францускиот град Жувизи-сур-Орж, 18 км од Париз, како и Тилабери во Нигер, северозападно од реката Нигер.
Култура и места на интерес
мини|лево|upright|Црква Свети Петар (1908) мини|upright|Ветерница во Варнштет мини|Поглед од Хексентанцплац над Тале мини|Поглед од Хексентанцплац на Тале околу 1900 мини|Слика во близина на железничката станица во Тале
Музеи
Манастир Вендхузен Музеј Тале Валпургис Хал
Згради
Поранешниот манастир Вендхузен, потекнувајќи од каролиншкиот период Хотел Ценпфунд, изграден во 1863 година и некогаш најголемиот летен хотел во Германија Црква Свети Петар, завршена во 1906 година Римокатоличката црква на Светото Срце (Herz-Jesu-Kirche), завршена во 1910 и 1911 година Прекрасната ветерница во селото Варнштет
Други културни места
Хексентанцплац („Место на танцување на вештерките“) Планински театар Див животински парк (Tierpark) Зомероделбан Бау-Шпил-Хаус Забавен парк Централен театар (кино) Стражарница Хомбург (Homburgswarte)
Природни споменици
Клисура Боде - Тале е влезната точка на клисурата Боде, што излегува кај Хексентанцплац („Место на танцување на вештерките“), достапна со гондолата „Клисура Боде“ и Рострапе. На Hexentanzplatz е голем отворен театар и зоолошка градина. Тојфелсмауер - во близина на селата Ведерслебен и Варнштет, се наоѓа Тојфелсмауер („Ѕид на ѓаволот“), еден од најстарите природни резервати во Германија. Вештерска патека Харц (Harzer Hexenstieg), долга патека, која води од Тале до Остероде, минувајќи низ различни знаменитости на патот, вклучувајќи ги и Брокен, Торфхаус, Дамграбен и езерцата на Горен Харц.
Медиум
Тале е местото на случување во романот на Теодор Фонтан, Сесил (Cécile). Фонтан останал во Тале, повеќепати помеѓу 1868 и 1884.
Наводи
Надворешни врски
Службена страница за градот Тале
Категорија:Градови во Харц Категорија:Тале Категорија:Харц (округ) Категорија:Саксонија (пруска покраина)