Русановскиот метромост (украински: Русанівський метроміст) е мост кој минува низ реката Днепар во престолнината на Украина, Киев.

Мостот е наменет за подземен сообраќај на Киевското метро. Мостот бил отворен на 5 ноември 1965 година. Тој бил изграден на местото на поранешен мост, кој бил разрушен во времето на Втората светска војна.

Мостот има должина од 349,2 метри, со ширина на патот од 14 метри, и ширина на тротоатите од 2,25 метри.

Категорија:Мостови во Киев