Џецун Пема Вангчук (; р. 4 јуни 1990) е кралица (Друк Ѓал-цин, буквално „Змејска Кралица“) на Бутан. Таа е сопруга на Кралот Џигме Кесар Намѓел Вангчук, кој е крунисан на 6 ноември 2008 година.

Кралицата Џецун Пема Вангчук, како што гласи нејзината официјална титула, е родена на 4 јуни 1990 година, како ќерка на кумашинката на Кралот на Бутан. Таа е втора по возраст меѓу петте деца на нејзините родители, меѓу кои има двајца браќа и две сетри. Студирала меѓународни односи, со психологија и историја на уметност на колеџот Риџентс во Лондон, Велика Британија.

Како нејзини хобија и интереси се појавуваат убавите уметности, сликањето и кошарката, која ја засакала уште за време на основното обрзование кога била капитен на училишниот тим. Освен јазикот ѕонгка, официјалниот општонароден јазик во Бутан, Џецун течно ги говори и англискиот и хинду јазикот.

Нејзината свадба со кралот беше најавена лично од него за време на отворањето на VII седница на Бутанскиот парламент во мај 2011 година, а се случи на 13 октомври 2011 година во главниот храм Пунака Ѕонг. Свадбената церемонија продолжи со посета на разни региони на кралството. За време на оваа церемонија кралот Џигме Кезар од светиот Махен ја доби круната на Змејската Кралица, за потоа со неа да ја круниса Џецун Пема, правејќи ја и официјално Кралица на Бутан.

Наводи

Категорија:Династија Вангчук Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1990 година