Манастирот на Христовото воскресение познат и како Флоривски манастир (украински: Флорівський монастир) е манастир кој се наоѓа во Киев, Украина. Христијанскиот објект датира од 16 век.

Манастирот во голема мера бил проширен во времето на Големата северна војна, кога Петар Велики наредил рушење на стариот манастир.

Црквата претставува типичен пример за украински барок стил. Првиот камен темелник бил поставен во 1722 година. По десет години, објектот бил посветен на Христовото воскресение. Камбанаријата, која е во неокласичен стил била додадена подоцна.

Категорија:Православни манастири во Украина Категорија:Манастири во Киев Категорија:Манастири на Украинската православна црква - Московска патријаршија Киев Категорија:Цркви од 16 век Категорија:Барокна архитектура во Украина