Артемида () била божица на ловот, животните и месечината во старогрчката митологија. Таа била ќерка на богот Зевс и титанката Лета, сестра-близначка на богот на сонцето - Аполон. Таа била една од ретките божици која не се омажила, а нејзината главна занимација бил ловот. Заедно со мајка ѝ, таа учествувала во Тројанската војна на страната на Тројанците.„Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 164.

Раѓањето на Артемида и Аполон

Божествените близнаци се зачанати во врската на љубовникот Зевс со Лета, ќерката на Титан Коеј и Титанката Фојба, на тој начин што и себеси и неа ги претворил во еребици. Љубоморната Хера ја пратила својата змија Питон да ја брка Лета по целиот свет, не дозволувајќи и да се породи било каде на белиот свет. Носена од Јужниот ветер Лета стигнала до Олимп, во близина на островот Дел, каде што ја роди Артемида која што веднаш ѝ помогнала да го помине мореузот и на северната страна на планината Кинт, меѓу едно маслиново и едно палмино дрво, по девет дена страотни маки го родила Аполон.Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 53.

Особености Според преданието, кога ќе засветела месечината се појавувал ликот на Артемида, а ѕверовите и билките почнувале да танцуваат. Како Атена, и таа некогаш околу вратот ја носела страотната маска на Горгона. Поради тоа, Афродита немала моќ врз неа и .Artur Koterel, Rečnik svetske mitologije, Nolit, Beograd, 1998, стр. 202 - 203.

Уметниците најчесто ја претставувале Артемида со лак и стрела, во друштво на различни животни (лав, тигар, лебед и елен). Нејзин пандан во римската митологија е божицата Дијана, додека во етрурската митологија таа се викала Артуме. Свети симболи на божицата Артемида биле еленот и дрвото чемпрес. Според преданието, во храмот на Артемида живеела питома мечка. Еднаш, мечката повредила едно девојче, а нејзиниот брат ја убило мечката. Артемида се налутила и наредила девојките пред да се омажат мораат, кога И принесуваат жртва, да ползат како мечка.„Objašnjenja i napomene“, во: Aristofan, Lisistrata. Beograd: Rad, 1963, стр. 97.

Култот на Артемида Првобитно, Артемида била божица на чумата и поморот, а подоцна станала божица на ловот и на дивечот, заштитничка на сè што е младо и нежно. Таа била едно од најпочитуваните божества во Македонија, женски пандан на Дионис. Како божица на природата и шумите, на карпите во Филипи е претставена со теонимот Артемис Дендропхорос; на теракотите најдени во Варош и во Пела е прикажана со чашки афион во косата; во Амфипол е божество-бик – Артемис Tаурополос. Добива различни називи поврзани со македонски топоними. Tеонимите: Агротера, Дигаиа, Kyнагогос се типични за македонската митологија. Херодот ја нарекува „кралица“ на која жените Пајонки и Tракијки и принесуваат дарови завиткани во слама од пченица. Во Дебреште (Пелагонија) е пронајдена теракотна биста на Артемида – Енодиа, претставена со коњски протом на рамото, кучешка глава под него, дијадема и билје во косата; слична теракота е пронајдена и во Чепигово (II век пр. н.е.) како и теракотна плоча со нејзин приказ во Демир Капија.

Надворешни врски Theoi Project, Артемида, информации за божицата од грчки и римски извори, слики од класични уметнички дела. (англиски) Химна на Артемида - Божицата девица во лов(англиски) Речник на античките грчки и римски божества (1890) (eds. G. E. Marindin, William Smith, LLD, William Wayte) (англиски) Енауди Енциклопедија за антиката - Артемида (италијански) Храмот на Артемида во Ефес (италијански)

Наводи

Категорија:Старогрчки божици Категорија:Илијада

Категорија:Старогрчка митологија Категорија:Олимписки богови Категорија:Потомство на Зевс Категорија:Месечеви божици