Канон (персиски: qānūn; qānūn, множина qawānīn; азерски и турски: kanun; qanún или kanun) — жичен инструмент, еден вид псалтер, со правилен трапезоиден корпус.

Градба Најчесто се изработува од јаворово дрво. Неговата десна страна е нормална на основата на трапезоидот, а левата, коса страна, формира агол од 45⁰ со основата. Должината на основата се движи меѓу 750—1000 мм. Нормалната страна опфаќа должина од 350 до 400 мм.

Трапезоидниот корпус на канонот е затворен со штичка од смрека и козја кожа. Кожата ја затвора десната страна на корпусот. Понатаму, корпусот го покрива смрековата штичка.

Над козјата кожа поставен е потпирач (магаренце) за струните, потпрен на четири места. Над кожата е смрековата штичка, како покривачи на корпусот, се затегнуваат од 24 до 27 црвени* струни, групирани по три и штимувани унисоно. Струните се заврзуваат на дрвени чивии, распоредени по три во група, една зад друга. Струните се затегнуваат со метален клуч. Штичениот покривач најчесто е украсен со три уметнички изработени розетки.

Начин на изведба Звукот се произведува со удирање по струните со метални напрстоци, во кои се вденати целулоидни плекрони, углавени на кажипрстите на левата и десната рака. Непосредно под чивиите, на косата страна на канонот, поставен е долг штичен паралелопипед, на кој се поставени т.н. силети, лимени потпирачи за скратување и продолжување на струните, а со кое може да се менуваат и височината на тоновите. Силетите се лимени четвртести плочки, кои можат да се вртат околу оската прицврстена на штичен паралелопипед. При подигањето на плочката се скратува должината на жицата со кое се подига тонот. И обратно — при спуштањето, се продолжува жицата, со кое се спушта тонот. Бројот на силетите се движи од еден до три, поставени паралелно.

Тонални карактеристики Штимувањето на инструментот е различно и зависи од тонската низа во која се изведува мелодијата (за арапските страни), додека кај нас се штимува на цели и полустепени. Дијапазонот на инструментот варира меѓу две и три октави. Најчесто се штимува во тонска низа од нотите сол-2 (G2) до до-6 (C6)**.

Негова примена во Македонија Канонот во македонската инструментална практика се јавува во XIX век како солистички и како ансамблов инструмент. Тој бил пренесен во Македонија од турските патувачки чалгиски групи.

Канонот е виртуозен инструент и како таков го среќаваме и како солистички инструмент. Како ансамблов инструмент го среќаваме во чалгаџиските ансамбли. Правилниот состав на чалгацијата, покрај лаутата односно утот, виолината и кларинетот, бара и канон (зависно од градот). Отсуството на канонот значи губење на звучноста на чалгијата.

Репертоарот на канонот зависи од начинот на употребата:

при неговата солистичка употреба се јавува како виртуозен инструмент при негова ансамблова употреба, репертоарот му е зависен од репертоарот на чалгијата, во која, главно, се јавува како мелодиски инструмент

Литература

Линин А. 1986. Народните музички инструменти во Македонија: стр. 36-38. Македонска книга. Скопје.

Познати изведувачи

Во Македонија

Хустреф Саид (род. Скопје) - третиот, и последен канонџија на орк. Чалгии на МРТ Реџеп Пампур (род. Велес) - вториот канонџија на орк. Чалгии на МРТ Јордан Христов (род. Велес) - првиот канонџија на орк. Чалгии на МРТ

Забелешки

* - тој што ја создаде верзијата на оваа страница на 20.07.2026г. тешко се сомнева дека жиците на канонот воопшто биле црвени во минатото ** - за повеќе информации, видете „Scientific Pitch Notation (SPN)“ (на англиски)

Надворешни врски

Хустреф Саид изведувајќи ги ората Адана, Јени Јол, и песната „Мори Јаглико“ Реџеп Пампур изведувајќи таксим (вид импровизација) во макам „Махур“

Категорија:Жичени инструменти