Ова е статија за паравоена организација на Дража Михаиловиќ. За сличниот термин, видете Четници (термин). За четничката организација од почетокот на XX век, видете Српски комитет на четничка акција. мини|десно|Знаме на Четниците Југословенската армија во татковината, позната како Равногорско движење или Четничко движење — националистичката српска и ројалистичка паравоена организација која делувала во текот на Втората светска војна.

Движењето било формирана во 1941 година првично наречено како „Четнички одреди на Југословенската армија“, а подоцна движењето било преименувана во „Југословенската армија во татковината“, меѓутоа првичното име, односно Четници, останало најчесто употребувано во текот на војната, дури и меѓу самите Четниците. Во 1941 година, Кралството на Југославија било поразено од Германија и окупирана од страна на силите на Оската од 1941 до 1945. Четничкото движење е меѓу првите кои се спротивставило на окупаторите .

Четниците никогаш не претставувале хомогено идеолошко движење. Некои групи се свртеле против Германија, и застанале на страната на партизаните во заедничка борба, од четничката коалиција со партизаните произлегол и првиот чин на предавање од страна на германски гарнизон во Втората светска војна на 28 септември 1941 во Таково . Сепак, другите Четници активно соработувале со германските и италијанските окупациски сили за борба против комунистичките партизани или соперничките четнички групи.

Извори

Категорија:Националистички организации Категорија:Српски комитет на четничката акција