Жаба — водоземец од редот безопашести водоземци (). Редот безопашести водоземци (Anura) е првпат класифициран од страна на Блазиус Мерем (1761 — 1824) во 1820 година.
Опис Возрасните жаби се одликуваат со долги задни нозе, кратко тело и вмрежени прсти, очи што штрчат и недостаток на опашка. Големината им варира од 10 мм (Psyllophryne didactyla од Бразил и Eleutherodactylus iberia од Куба) до 300 мм (Conraua goliath од Камерун). Возрасните жаби имаат месојадна исхрана, најмногу со членконоги, црви и мекотели. Жабите се најзабележливи преку нивните звучни повици, кои можат да се слушнат за време на нивната сезона за парење.
Распространетоста на жабите варира од тропските до субарктичките региони, со најголем број на видови во тропските дождовни шуми. Повеќето жаби живеат во плитки водени површини, но исто така лесно се движат и на земја со скокање или качување. Вообичаено жабите ги несат јајцата во бари, мочуришта или езера, и нивните ларви, наречени полноглавци, имаат жабри и се развиваат во вода.
Видови жаби мини|Жаба Со повеќе од 5.000 опишани видови, жабите се меѓу најразновидните групи ’рбетници. Често се прави разлика помеѓу жабите и краставите жаби на основа на нивниот изглед, но оваа разлика нема таксономска издржаност. Единственото семејство на која екслузивно ѝ е дадено името „крастава жаба“ е Bufonidae, но многу видови од другите семејства исто така се нарекуваат „крастави жаби“, а видовите во рамките на видот крастави жаби Atelopus се нарекуваат и „арлекински жаби“.
Отровната стрела - жаба е најотровната жаба во светот, која што е застапена во тропските шуми на Амазонија. Нејзиниот отров е доовлен да усмрти 20.000 глувци или да ја сопре работата на срцето на некој ’рбетник. Самиот отров се наоѓа и се лачи на површината на кожата.
Жабата како тема во уметноста и во популарната култура „Парите на жабата“ - кавкаска народна приказна.Кавкаске бајке. Београд: Народња књига, 1963, стр. 159-160. „За жабата“ — басна во стихови на Михо Атанасовски.Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 49. „Момчињата и жабите“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 33. „Зајците и жабите“ - басна на Емброуз Бирс.Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 50. „Две жаби“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 19 и 41. „Магарето и жабите“ - басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 40. „зајците и жабите“ - басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 27-28. „Жабите, трупецот и хидрата“ - басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 52. „Жаби“ - песна на германскиот писател Јохан Волфганг Гете.Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 105. „Кралот на жабите или железниот Хајнрих“ – сказна на браќата Грим.Браќа Грим, Храбриот кројач, Детска радост, Скопје, 1980. „Жаби“ — песна на словенечкиот поет Отон Жупанчич.Отон Жупанчич, „Цицибан“ (второ издание), „Кочо Рацин“, Скопје, 1959, стр. 28-29. „Како жабокот добил мустаќи“ (српски: Како је жабац стекао бркове) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 66. „Жабата чита весник“ (српски: Жаба чита новине) - песна на Јован Јовановиќ-Змај.Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 65. „Жабоци Гајдамаци“ - песна на македонскиот писател Славко Јаневски.Славко Јаневски, Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми. Скопје: Темплум, 2014, стр. 32-35.Славко Јаневски, ШЦрни и жолти, Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 29-33. „Зелен фрак“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 54. „Марица Крекалица“ — расказ на македонскиот писател Ванчо Николески.Ванчо Николески, Приказни од моето село. Култура, Скопје, 1964, стр. 25-29. „Песната на една жаба“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 39. „Жаба капетан“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец.Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000, стр. 30. „Смртта на природонаучникот“ — песна на северноирскиот поет Шејмас Хини.Шејмас Хини, Песме. Београд: Цицеро, Земун: Писмо, Нови Сад: Матица српска, 1993, стр. 7-8. „Жаба на мирот“ (англиски: Peace Frog) - песна на американската рок-група Дорс (The Doors) од 1970 година.Discogs, Nhe Doors – Morrison Hotel (пристапено на 9.8.2020) „Жаби со валкани мали усни“ (англиски: Frogs With Dirty Little Lips) — песна на американскиот рок-музичар Френк Запа (Frank Zappa) од 1984 година.Zappa* – Them Or Us (пристапено на 28.1.2024)
Наводи
Категорија:Водоземци