Белц или Балц (романски: Bălți, , ) — град во Молдавија. Според површина и економската важност, Белц е втор во Молдавија по главниот град Кишинев и трет по население по Кишинев и Тираспол. Белц е еден од петте општини во државата. Градот е важен индустриски, културен, комерцијален и транспортен центар за северот на државата. Белц се наоѓа на 127 километри северно од Кишинев.

Население Раѓања (2010): 1573 (10,6 на 1000) Умирања (2010): 1447 (9,7 на 1000) Природен прираст (2010): 126 (0,9 на 1000)

Етнички групи, 2004 official ethnicity statistics: етничка групаброј%Молдавци66,87752.4 %Украинци30,28823.7 %Руси24,52619.2 %Романци2,2581.8 %Бугари2970.2 %Гагаузи2430.2 %други2,8892,3 %без изјаснување1830.1 %

Белц и северот на Молдавија ги опслужуваат два аеродрома: Белц-Град и вториот меѓународен аеродром во Молдавија Меѓународен аеродром Белц.

Збратимени градови

Такома, САД Стрији, Украина Смољан, Бугарија Лариса, Грција Миеркуреа Кјук, Романија Орша, Белорусија Измир, Турција Каесонг, Северна Кореја Хмелницки, Украина Ѓула, Унгарија Лејкленд, САД Плоцк, Полска Витебск, Белорусија Милес, Грција Подолск, Русија

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место Туризам во Белц Дражвен универзитет Белц Deca-Press - вести Белц Избори во 2010 Фотографии од Белц

Категорија:Градови во Молдавија