Дагестанската инвазија, исто така позната ѝ како Дагестанската војна, започнала на 7 август 1999 година кога чеченските сепаратистички групи предводени од Шамил Басаев и Ибн ал-Катаб упаднале во соседен Дагестан давајќи поддршка на дагестанското сепаратистичко движење. Војната завршила со огромна победа на Руската Федерација и повлекување на Исламската меѓународна бригада. Дагестанската војна била една од причините за започнување на Втората чеченска војна.

Заднина

По издвојување голема победа над Руската Федерација во текот на Првата чеченска војна, Чеченија фе факто станала независна земја. Но во исто време земјата паднала во голема анархија и економски колапс. Владата на Аслан Масхадов не можела да ги толерира или да ги затопли односите со радикалните единици во земјата. Во март 1999 година, Масхадов го распуштил чеченскиот парламент и вовел делови на шеријатскиот закон. И покрај оваа отстапка, екстремистите предводени од Шамил Басаев и арапскиот исламист Ибн ал-Катаб, продолжиле да ја протеруваат владата на Масхадов. Во април 1998 година, оваа радикална група официјално ја изнела својата долгорочна цел, а тоа било создавање на сојуз на Чеченија и Дагестан, и протерување на Русите од целиот Кавказ.

Кон крајот на 1997 година, Багудин Магомедов, водач на радикалното крило на Вахабистите во Дагестан побегнал во Чеченија. Таму тој воспоставил блиски односи од Ибн ал-Катаб и други водачи на вахабистичката заедница на Чеченија. Во текот на јануари 1999 година, ал-Катаб започнал со формирање на исламска легија составена од странски волонтери. Така започнале серија од инвазии на чеченските сили врз Дагестан. Во април 1999 година, Магомедов поднел барање до исламските патриоти на Кавказ да учествуваат во светата војна (Џихад) и да го завршат истиот со ослободување на Дагестан и Кавказ од рускиот колонијален јарем. Според него, поборниците на таа идеја требало да се пријават во Исламската армија на Кавказ.

Инвазија и руски противнапад

На 4 август 1999 година, неколку лица од руското Министерство за внатрешни работи загинале на границата во судир со сепаратистички единици на Кбедов. На 7 август Басаев и ал-Катаб ја започале најавената инвазија во Дагестан со група од околу 1,500 до 2,000 вооружени милитанти, составени главно од исламистички радикали од Чеченија и Дагестан, како и други меѓународни исламистички организации.

Ал-Катаб себеси се опишал како главен стратег на операцијата, додека пак Басаев станал командант на истата. Бунтовниците многу бргу ги зазеле селата Ансалта, Рахата и Шадрода и стигнале до селото Тандо во близина на градот Ботлик.Russians, rebels beef up forces in Dagestan; Militants fire rocket grenades, CNN, August 9, 1999. На 10 август тие го објавиле прогласувањето на независна исламска држава Дагестан и во исто време им објавиле војна на предавничката влада во Дагестан, како и на окупационите единици на РусијаRebels pick Chechen warlord in Dagestan insurgency; Government focuses on crisis in southern Russia, CNN, August 11, 1999

Руската војска прилично бавно одговорила на нападите. Главно поради ова, првичните судири биле помеѓу сепаратистите и дагестанската полиција.Басаев и Катаб во зазедените области биле пречекани како ослободители, а од друга страна пак селското мирно население ги прогласиле за окупатори и непожелни религиски фанатици. Така, наместо анти-руско востание, граничните области започнале да се мобилизираат против Басаев и Катаб.

По ова следувала конечната интервенција на руската влада, започнувајќи со воздушни и артилериски напади. Руските воздухопловни силиз апочнале и бомбардирање на Чеченија. За првпат пд страсна на руските сили било употребено термобарско оружје против населените места, особено во селото Тандо. Справочный материал по объемно-детонирующим боеприпасам ("вакуумным бомбам"), Human Rights Watch, February 2001Williams, Bryan Glyn (2001). The Russo-Chechen War: A Threat to Stability in the Middle East and Eurasia? . Middle East Policy 8.1., каде бунтовниците биле потполно блокирани и поразени од страна на руските сили. Бунтовничките линии за снабдување биле целосно отсечени. Тоа им дало време на руските сили да организираа противнапад под раководство на генералот Виктор Казанчев. Освен тоа, во овие напади биле користени Т-90 тенкови за првпат за време на една операција. Така, на 23 август Басаев и Катаб објавиле повлекување на своите сили од БотликRebels say they're out of Dagestan; Russia says war continues, CNN, August 23, 1999.

По ова, руските сили продолжиле со воените операции. Во ноќта на 4 септември,едн автомобил-бомба уништила воена станбена зграда во градот Бујнакск, при што загинале 64 лица. На 5 септември, чеченските сили ја започнале својата втора инвазија во реонит на Новолакское, овој пат со поголема сила. Бунтовниците дошле на само пет километри од главниот град. По ова следувале неколку Бомбашки напади на руски станови. Според Басаев, целта на втората инвазија била да се одвлече вниманието на федералните сили. Интензивните борби продолжиле до 12 септември, кога руските сили конечно ги принудиле на исламистите да побегнат назад во Чеченија, иако поединечни вооружени дејствија имало уште некој ден подоцнаThe Security Organs of the Russian Federation (Part III): Putin returns to the organs by Jonathan Littell.

До средината на септември 1999 година, во борбите биле убиени најмалку стотина луѓе. Федералните служби објавиле бројка од 279 мртви и 987 повредени.

Последици

По крајот на конфликтот, руските сили започнале со бомбардирање на југоисточна Чеченија, на 23 септември. Аслан Масхадов, сепаратистичкиот водач на Чеченија се спротивставил на инвазијата во Дагестан и наводно понудил да се казнат сторителите. Ова било одбиено од страна на Московски Кремљ и во октомври 1999 година руските сили ја започнале т.н. Бтора чеченска војна.

Инвазијата предизвикала преселување на околу 32,000 дагестански цивили. Според Роберт Бер, сепаратистите извршиле потенцијален геноцид, уништувајќи цели популации на малите етнички групи. Според истиот автор, нападите треба да се осудат како терористички настан бидејќи во истите биле вклучени и напади врз цивилното население.

Конспиративна теорија

Рускиот стопанственик Борис Березовски тврдел дека имал разговор со чеченскиот исламистички идеолог Мовлади Удугов шест месеци пред почетокот на инвазијата во ДагестанAlex Goldfarb, with Marina Litvinenko Death of a Dissident: The Poisoning of Alexander Litvinenko and the Return of the KGB, The Free Press, 2007, ISBN 1-416-55165-4, page 216.. Според Березовски, Угудов предложил да започне војна во Дагестан во која ќе бидат инволвирани руските воени сили, и кои би го совладале чеченскиот претседател Масхадов, на кој начин би се создала нова исламсла република во која би спаѓале Чеченија и Ингушетија, и која нова држава ќе биде пријателски расположена кон Русија. Березовски тврди дека тој ја одбил оваа понуда, но бил направен заговор против Басаев од страна на Владимир Путин на тој начин што со создавање на конфликтот ќе биде соборен претседателот на Чеченија. Според договорот, руската армија требало да напредува до реката Терек. Според Березовски, Путин не го почитувал договорот, туку дал дополнителен предизвик за започнување на нова војна. Преписот од записите бил објавен на 10 септември 1999 година."Death of a Dissident", page 189.. Дасаев од друга страна пак изјавил дека никогаш не би ја продал Чеченија на Путин и го негирал постоењето на таков дговорБлоцкий Олег Михайлович. Шамиль Басаев.

Конфликтот во Дагестан бил оценет од страна на руската новинарка Ана Политковскаја како провокација иницирана од Москва со цел да се започне војна во Чеченија, преку обезбедување на безбеден премин на руските сили. Се наведува уште и дека Александар волошин платил пари на Басаев за да ја предизвика оваа кризаThe Second Russo-Chechen War Two Years On - by John B. Dunlop, ACPC, October 17, 200Paul Klebnikov: Godfather of the Kremlin: The Decline of Russia in the Age of Gangster Capitalism, ISBN 0-15-601330-4The Operation "Successor" by Vladimir Pribylovsky and Yuriy Felshtinsky (in Russian)., во соработка со ГРУWestern leaders betray Aslan Maskhadov - by Andre Glucksmann. Prima-News, March 11, 2005CHECHEN PARLIAMENTARY SPEAKER: BASAEV WAS G.R.U. OFFICER The Jamestown Foundation, September 08, 2006Analysis: Has Chechnya's Strongman Signed His Own Death Warrant? - by Liz Fuller, RFE/RL, March 1, 2005. Басаев од друга страна негирал дека има некакви врски со ГРУБлоцкий Олег Михайлович. Шамиль Басаев.

Улога на Березовски

Еден член на Комунистичката партија на Руската Федерација, Виктор Илукин, кој служел како заменик-претседател на комитетот за одбрана и кој бил обвинет од страна на ФСБ за ненавремено откривање на информации поврзани околу Борис Березовски и конфликтот. Според него, Борис Березовски ги финансирал чеченските сепаратисти на кој начин се обидувал да ги презеде природните ресурси под своја контрола. Еден од начините за поддршка на чеченските сили наводно била киднапирање на цивили и побарување на паричен надоместок. Масхадов и Басаев често се жалеле дека делови од надоместоците често и мистериозно завршувале кај трети лица.

Кога ФСБ излегла со обвиненија против Березовски, тој одговорил со обвинување дека ФСБ организирал бомбашки напади и дека планот ќе биде прикажан на ТВ-6 во 2002 година. Сепак, телевизијата била затворена од страна на руската влада, а филмот не бил објавен.

Наводи

Категорија:Историја на Дагестан Категорија:Историја на Кавказот Категорија:Чеченски војни Категорија:Судири во 1999 година Категорија:Војни на Русија