„Ограбувачка на гробници“ () е идна акционо-авантуристичка видео-игра и деветтиот дел од серијалот на игрите „Tomb Raider“, издадена од „Square Enix“, а изработена од „Crystal Dynamics“ како нивен петти наслов од франшизата. Како прва после поврзаната трилогија што претходеше, играта нема да биде поврзана со претходните делови од серијалот. Играва е престартување во кое ќе се разработува преграденото потекло на влијателниот, главен лик, Лара Крофт. Издавањето на „Tomb Raider“ е закажано за првата четвртина од 2013. година за Microsoft Windows, PlayStation 3 и Xbox 360.
Приказна
Скоро по завршувањето на високото образование, 21-годишната Лара Крофт патува до остров близу јапонското крајбрежје на бродот Ендуранс, брод управуван од капетанот Конрад Рот. Пред да се закотви на заливот, бродот е расцепен на пола од непредвидена бура, оставајќи ја Лара одделена од другите преживеани на брегот. Таа мора да ги надмине емотивната и физичката мака за да преживее на островот.