Ова е статија за Народноослободителна борба во Вардарска Македонија. За Народноослободителна борба на македонскиот народ во сите три дела на Македонија, видете Македонија во Втората светска војна.

Народноослободителна борба (НОБ) на Вардарска Македонија — вообичаениот термин за борбата за ослободување на Вардарска Македонија од окупаторските сили во текот на Втората светска војна. НОБ започна на 11 октомври 1941 година, со нападот врз бугарската полициска станица во Прилеп („участокот“, сега Меморијален музеј „11 Октомври“), а заврши со ослободувањето на Тетово на 19 ноември 1944 година.

Окупација На 6 април 1941 г. Германија и Италија ја нападнале кралска Југославија, која била поразена за десет дена. Бугарија не учествува во воените дејствиjа. Германците на 18 април ја поканиле Бугарија да ја преземе контролата врз дел од територијата на Вардарската Бановина. Уште пред нивното влегување во Вардарска Македонија, власта во поголемите градови е преземена од Бугарските акциони комитети.

Комитетите организираат свечени дочеци на бугарската војска, којa навлегува во Кралството Југославија на 19 април 1941 година.Минчев, Д., Българските акционни комитети 1941, София, 1995.Протокол No 1 на учредителното събрание на местния български акционен комитет за град Струга и околията Секретарот на Покраинскиот комитет на КПЈ, Методија Шаторов - Шарло, ја издига паролата за создавање на национален фронт со сите противници на големосрпскиот режим, а Покраинскиот комитет доброволно се приклучил кон Бугарската работничка партија (комунисти). 12,000 македонски воени заробеници биле ослободени со помошта на комитетите. Под нивниот притисок започнува протерување на српските колонисти од регионот.

На 19 април 1941 година, при навлегувањето на бугарските единици во Струмица, Месниот комитет на КПЈ и Клубот на есперантистите организирале масовни демонстрации со учество на неколку илјади граѓани. Пред седиштето на есперантите се собрало маса граѓани и во поворка тргнале по улиците на Струмица. Носејќи ја картата на Македонија ги извикувале паролите Македонија на Македонците, Да живее слободна Македонија, Долу шпиони.„Струмица и Струмичко низ историјата“ (1969), Манол Пандевски, стр. 404.

На 1 мај 1941 г. во центарот на Скопје, на таканаречената дивизиска зграда, било истакнато македонско црвено знаме.

Во текот на мај 1941 г. месните комитети на КПЈ во Прилеп, Битола, Скопје и во други градови организирале ослободување на видни патриоти од затворите, ги отворале државните магацини од кои стоката ја криеле во скривниците, се организирало криење на војници и на офицери од кралската југословенска војска, како и на македонски патриоти за да не одат во заробеништво.

Политика на бугарската влада во Македонија thumb|250px|лево|Група бугарски полицајци позираат пред исечени глави на македонски партизани во прилепско во 1942 година. Со потпишувањето на Спогодбата Кладиус - Попов бугарската влада се обврзала да обезбеди работна сила за рудниците во Македонија, кои биле под управа на Германците. За тие потреби било ангажирано месното население. Само во 1942 г. во 700 македонски претпријатија, кои работеле за германски потреби, на присилна работа биле ангажирани 14.000 луѓе.

Освен во месните претпријатија се вршела интернација на македонското население во Германија, Италија и во Бугарија, и тоа по групи (работни дружини). Во Германија и Италија биле упатени 19.000 луѓе, а во Бугарија 25.000, па со наведениве 14.000 ангажирани во македонските претпријатија, вкупно 58.000 лица од Македонија биле во интернација.

Покрај интернацијата, бугарската окупаторска власт вршела масовни иселувања на населението. Почнала со иселувањето на Србите колонизирани од 1918 г., а до декември 1941 г. иселиле 26.451 Србин, со цел да се создаде чиста бугарска етничка територија. По различни основи само до март 1942 г. од Македонија иселила 56.000 лица.

На почетокот на војната, односно од април 1941 г. до средината на 1943 г., во Вардарскиот дел на Македонија биле ангажирани Петтата бугарска армија во состав од две дивизии и бројна жандармериска сила, една италијанска дивизија, еден германски полк и бројни балистички, квислингшки и колаборационистички сили.

Во 1943 година во Вардарскиот дел на Македонија, Бугарија испратила уште 1 дивизија (17.) и 2 полка од 29. дивизија, 2 баталјона за обезбедување на железничко-патните правци и бројна жандармерија. Вкупно, во Вардарскиот дел на Македонија, во 1944 г. имало околу четири бугарски дивизии. По капитулацијата на Италија пристигнале две германски дивизии и се зголемиле балистичките сили на околу 15.000 луѓе. Во Егејскиот дел на Македонија бугарската влада ангажирала четири дивизии, а Германците испратиле уште 2 дивизии.

Вкупно, на етничката територија на Македонија во втората половина на 1943 г. и во текот на 1944 г., биле ангажирани 8 бугарски, 4 германски и 1 балистичка дивизија и повеќе самостојни и специјални бугарски, германски, квислингшки и колаборационистички сили.

Први воени судири мини|десно|Зградата во Скопје во која е донесена одлуката за вооружено востание во Македонија 1941 година.

Во септември 1941 почнале и првите оружени судири со бугарската војска кај тунелот Богомила, на железничката линија Велес–Прилеп и на Водно кај Скопје. Во мај ПК на КП во Македонија формирал Воена комисија за забрзување на подготовките за оружено востание, а во септември Покраински воен штаб за раководење на оружените акции. Во август бил формиран и првиот Скопски партизански одред.

Востание во вардарскиот дел на Македонија во 1941 година

Со нападот на Прилепскиот НОПО на бугарскиот полициски участок и други објекти во Прилеп, 11 октомври 1941, бил означен почетокот на востанието против фашистичките окупатори (бугарски, германски и италијанско-албански).

Развој На Јануарското советување (Скопје, 1942) била направена анализа на состојбата во Македонија по борбените акции на првите партизански одреди и било договорено натамошното водење на оружената борба. По обновувањето на постојните и формирањето нови одреди (вкупноусвоени одлуки за создавање покрупни воени единици, за формирање органи на народната власт, за започ- нување подготовки за свикување на АСНОМ и издавање Манифест до македонскиот народ за крајната цел на НОБ.

Разгор На планината Славеј била формирана првата воена единица НО баталјон „Мирче Ацев“. По капитулацијата на Италија биле проширени слободните територии. Во Западниот дел на Македонија слободната територија се простирала меѓу Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Преспа, со првите слободни градови Кичево и Дебар.

Слободни територии во НОВ во Македонија

На слободната територија се поставувале основите на идната македонска држава - биле отворени првите училишта, биле формирани судови што ги решавале споровите меѓу селаните и селата, се одржал првиот свештенич ки собир на македонските првосвештеници и сл.

Народноослободителната војска

thumb|250px|лево|Создавање на партизанскиот баталјон Мирче Ацев во 1943 година. Во Прогласот на ПК КПЈ за Македонија од 15 февруари 1943 г., се истакнува: Создавајте ја својата македонска народноослободителна војска.

Во Прогласот на ЦК КПМ од јуни 1943 г. пишува: Создавајте ја македонската народноослободителна војска. Во Прогласот на Поверенството на ЦК КПЈ од август 1943 г. се вели: Народот, селаните, работниците, граѓаните, младината, обединети во народноослободителниот фронт и во своја македонска народноослободителна војска. Во Приговорот на АНОК јасно се истакнува дека обединувањето на Македонија може да се изврши само во една балканска федерација, а не во Југославија.

Партизанскиот облик на вооружена борба преовладувал до средината на 1943 г., кога биле формирани поголеми воени формации кои имале маневарски карактер, а сепак организациски биле хомогени и неспоредливо поквалитетни од партизанските одреди.

Примената на комбиниран облик на вооружена борба почнала во втората половина на 1943 г. Тоа се поклопува со формирањето на првите крупни маневарски единици баталјони и бригади на македонската војска. Силни удари по комуникациите и упориштата на противникот при извлекувањето на германската група армии Е од Грција кон север; разбивање, отсекување, обиколување и уништување на посилни непријателски формации.

Политичка борба за независност thumb|150px|лево|Цветко Узуновскиthumb|150px|right|Методија Андонов - Ченто На 6 мај 1944 г. на заедничкиот состанок на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и Главниот штаб на НОВ и ПОМ била избрана тричлена делегација во состав Методија Андонов-Ченто, Мане Чучков и Кирил Петрушев со задача: Да го испита, со врховното тело на Федеративна Југославија, во согласност со меѓународната положба, главниот проблем на македонската борба - прашањето за целосно обединета Македонија.

На 24 јуни 1944 г. на островот Вис се одржал состанок на македонската делегација со највисокото воено и политичко раководство на Националниот комитет за ослободување на Југославија, предводено од Тито. По барањето на македонската делегација бил заземен единствен став дека: Македонскиот народ ја искажува својата историска желба за обединување на сите негови делови, дека тоа е негово национално право" и дека „тој стремеж останува како негово трајно барање.

На Првото заседание на АСНОМ одржано на 2 август 1944 г. присуствувале делегати од трите делови на Македонија, што ја симболизирало волјата на македонскиот народ да се најде цел, слободен и обединет.

Во Манифестот на АСНОМ била прокламирана пред цел свет полна национална слобода на македонскиот народ во првата слободна македонска држава, и дека првпат по Самуил македонскиот народ создава своја сопствена национална држава.

Задоволствата со донесените одлуки на АСНОМ, политичкото и военото раководство јавно ги манифестирало и ги упатувало до целиот македонски народ. ЦК на КПМ во својот проглас од 4 август 1944 г. изјавил дека "македонскиот народ во тригодишната војна оствари национално единство, создаде своја војска" и "ги удри темелите на Федерална Македонија", како и тоа дека "со учество на целокупниот македонски народ во борбата против фашистичките окупатори во Југославија, во Бугарија и во Грција ќе оствари и обединување на сите краишта на Македонија, разделена од страна на балканските империјалисти, особено кога големите сили, Британија, Советскиот Сојуз и САД, со Атлантската повелба и Договорот во Техеран му го гарантирале правото на самоопределување, стекнато со борбата против германските окупатори и нивните слуги".

На македонскиот народ јавно му се ветувало дека неговото обединување ќе било поддржано од сите останати народи на Југославија, на АВНОЈ и на народно-ослободителната војска на Југославија.

Покрај жртвите и загубите кои македонскиот народ ги имал во Грчко-италијанската војна, односно во Егејскиот дел на Македонија, на 5.11.1940 г. во бомбардирањето на Битола имало жртви и материјални штети и во Вардарскиот дел на Македонија. Всушност, тоа биле првите жртви предизвикани од фашистичките бомбардирања на територијата на Кралска Југославија.

Во тој период македонската војска ги презела најзначајните операции: офанзивата на Караџова, Февруарскиот поход, Пролетната офанзива и завршните операции за ослободување на Македонија. Во средината на 1944 г. македонската војска успеала за неколку седмици да го одложи повлекувањето на Германската група армии Е кон Белград и да ја принуди германската команда повлекувањето да го изврши преку Косово и албанските планини, при што дел од тешкото оружје Германците морале сами да го уништат.

Само низ скопскиот затвор "Идризово" во текот на окупацијата минале 8.000 затвореници, од кои 500 жени. Поради непокорноста македонското население било упатувано во разни фашистички концентрациони логори. На почетокот на 1941 г. ги упатувале во концентрациониот логор "Гонда вода" во Бугарија. Таму биле депортирани околу 1.130 Македонци. Во логорот "Св. Никола" ги депортирале жените. Од 1.450 жени депортирани од Југославија најголем број биле Македонки.

Општо востание