Космос-1129, познат и како Бион-5 и Биокосмос-5, е еден од над 2.400 советски вештачки сателити лансирани во рамките на програмата „Космос“.

Податоци Општи податоци Сателитот е лансиран од космодромот Плесецк, СССР на 25 септември 1979 г. Во орбитата околу планетата Земја бил исфрлен од повеќестепената носечка ракета Р-7 Семјорка. Масата на сателитот при лансирањето изнесувала 6000 килограми. Космос-1129 бил сателит наменет за биолошко истражување. Во експериментите кои биле спроведени на него учествувале 9 земји, а направени се обиди за создавање на нови видови цицачи во вселената, што се покажало неуспешно.

Орбитални податоци Исфрлувањето на сателитот било на ниска орбита околу Земјата. Периодот на обиколување на сателитот околу Земјата изнесувал 90,5 минути, додека аголот на наклонетост на орбиталната рамнина во однос на рамнината на екваторот изнесувала 62,8°. Најголемото растојание од Земјата го достигнал на 406 км, а најмалото на 226.

Поврзано Космос (програма)

Литература Податоци за сателитот — НАСА

Надворешни врски Податоци за сателитите во табеларен облик

Категорија:Сателити „Космос“ Категорија:Космонаутиката во 1979 година Категорија:Вселенски летала пуштени во 1979 година