Чеченска Република Ичкерија (чеченски: Нохчийн Пачхьалкх Нохчийчоь, руски: Чеченская Республика Ичкерия) — име за централниот дел од Чеченија.

Републиката била прогласена кон крајот на 1991 година од страна на Џохар Дудаев. Во времето кога бил признаена независноста, рускиот претседател Борис Елцин одбил да ја признае чеченската независност, како и сите останати земји во светот. Државата од тогаш била де факто независна, до Првата чеченска војна во 1994 кога земјата била окупирана од страна на руските војски до 1996 година, а Дудаев бил убиен. По повлекувањето на руските сили до почетокот на Втората чеченска војна, Чеченија и понатаму уживала техничка независност, сè до нападот на чеченските сили под раководство на Шамил Басајев во соседната руска република Дагестан. Во нападот, Русија одговорила со воена сила и ја започнала Втората чеченска војна. Чеченскиот претседател Аслан Масхадов и неговите сепаратисти побегнале по планините, каде се кријат до денес.

Поранешниот претседател на Грузија, кој бил соборен со воен удар во 1991 година и учествувал во граѓанската војна, ја признал независноста на Ичкерија во 1993 годинаin 1993, ex –President of Georgia Zviad Gamsakhurdia recognized Chechnya ` s independence.. ,. Дипломатските односи биле воспоставени од делумно признаениот исламски емирар на Авганистан на владата на Талибанците на 16 јануари 2000 година. Ова признавање било поништено по падот на Талибанците во 2001 годинаAre Chechens in Afghanistan? --By Nabi Abdullaev, Dec 14, 2001 Moscow Times. Сепак и покрај признавањето, Масхадов го отфрлил нивното признавање и изјавил дека за оваа работа Талибанците биле нелегитимни. Ичкерија исто така добила отворена поддршка од страна на балтичките земји, група на украински националисти и Полска. Естонија еднаш гласела за признавање, но чинот никогаш не бил проследен бидејќи следувал притисокот од Русија и про-руските елементи во рамките на ЕУKari Takamaa and Martti Koskenneimi. The Finnish Yearbook of International Law. p147Kuzio, Taras. "The Chechen crisis and the 'near abroad'". Central Asian Survey, Volume 14, Issue 4 1995, pages 553-572.

Наводи

Категорија:Историја на Чеченија Категорија:Кавказ Категорија:Држави и територии настанати во 1991 година Категорија:Држави и територии распаднати во 2000 година