Општина Маврово и Ростуше (порано Општина Маврово и Ростуша) — општина во западниот дел на Република Македонија. Формирана е во 2004 година со спојување на општините Маврови Анови и Ростуша. Центар на општината е селото Ростуше. На југ се граничи со Општина Дебар, на исток со Општина Кичево (порано Општина Зајас), на запад со Албанија, а на север со Општина Гостивар.

Географија Општина Маврово и Ростуше се наоѓа во западниот дел на Република Македонија, т.е. во регионот Мијачија.

Историја Општина Маврово и Ростуше била создадена во 1996 година, под името Општина Маврови Анови, а Општина Ростуша е создадена исто така во истата година, и во 2004 година, спојувајќи ги општините Маврови Анови и Ростуша, формирана е Општина Маврово и Ростуша со седиште во Ростуше.

Демографија Согласно пописот на населението на Македонија од 2002 година на ниво на држава спроведен од страна на Државниот завод за статистика на Република Македонија, Општина Маврово и Ростуше ги има следните статистички одлики во однос на населението:

Вкупно население: 8618 жители

1. Вкупно население на територија на општина по пол: Мажи: 4295 Жени: 4323

Народ ВкупноУдел (%) Македонци 4.349 50,46 Албанци 1.483 17,21 Турци 2.680 31,10 Роми 10 0,12 Власи 0 0,00 Срби 6 0,07 Бошњаци 31 0,36останати 59 0,68

Вероисповед Вкупно православни 853 муслимани 9.355 католици 15 протестанти 0 останати 205

Јазик Вкупномакедонски 8.652албански 1.258турски 475ромски 2влашки 1српски 8бошњачки 9 останати 30

* Дел од жителите во областа Долна Река, односно во селата Скудриње (76,8 %), Ростуше (48,9 %), Аџиевци (37,5 %), Требиште (36,2 %), Јанче (22,6 %), Присојница (20,9 %), Велебрдо (17,6 %) и Видуше (12,9 %) се изјасниле како Турци, но всушност тоа се Македонци од муслиманска вероисповед, кои се изјасниле дека македонскиот им е мајчин јазик.

3. Вкупно население на територија на општина врз основа на образовна структура од 15 и повеќе години: 6324 Без училиште: 257 Некомплетно основно образование: 1373 Основно образование: 3375 Средно образование: 1092 Виша школа: 98 Висока школа: 93 Магистратура: 1 Докторат: 0

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Општина Маврово и Ростуше ги има следните нови статистички одлики во однос на населението:

Вкупно население: 5638 жители

Народ ВкупноУдел (%) Македонци 1.942 34,44 Албанци 670 11,88 Турци 1.584 28,1 Роми 3 0,05 Власи 2 0,03 Срби 5 0,09 Бошњаци 37 0,66останати 1.092 19,37лица без податоци 303 5,38

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Маврово и Ростуше е Медат Куртовски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.

Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 11 члена.

Наводи

Надворешни врски Службен портал на Општина Маврово и Ростуше Општина Маврово и Ростуше во „АБВ - деловен именик“ Општина Маврово и Ростуше @ makedonija.name