Алиговац (или Алаговац) е вештачко езеро во Република Српска, во Босна и Херцеговина. Се наоѓа на околу 4 километри северно од Невесиње, во подножјето на планината Вележ. Ова е најголемо езеро во Невесињската долина. Површината на езерото изнесува околу 40 хектари. Градот Невесиње се снабдува со вода од ова езеро. Езерото е богато со рибом, особено шаран, бел амур и толстолобик. Езеро Алиговац редовно го порибува Спортското риболовно друштво „Заломка“ од Невесиње кое и управува со риболовот на ова езеро.

Поврзано Список на езера во Босна и Херцеговина

Извори Агенција на Република Српска за вода на обласниот речен слив на Сава: Езера во Република Српска Хидрометеоролошки завод на Република Српска: Езера во Република Српска

Категорија:Езера во Босна и Херцеговина