мини|десно|300п|Изглед на Месечината за време на перигеј и апогеј. Во астрономијата, месечева единица (месечево растојание LD, месечево растојание) е единица мерка за просечното растојание меѓу Земјата и Месечината и изнесува 384.400 километри. Моменталното растојание зависи од положбата на Месечината во својата орбита (месечев перигеј: 363.104 км; месечев апогеј: 405.696 км).

Во просек, сончевата светлина одбиена од Месечината, пристига до Земјата за 1.25 секунди. Точната оддалеченост на Месечината се мери со помош на времето кое е потребно светлината емитирана од LIDAR станица на Земјата, да се одбие од ретрорефлекторите поставени на Месечината и да пристигне назад. Со оваа метода е утврдено дека Месечината спирално се оддалечува од Земјата за 3.8 сантиметри секоја година.

Месечевата единица се користи за изразување на оддалеченоста на помали објекти (астероиди, комети, вселенски летала) кои се наоѓаат меѓу Земјата и орбитата на Месечината.

Наводи

Категорија:Месечина Категорија:Месечева орбита Категорија:Единици за должина