Планковата температура (TP) е највисоката физички возможна температура, согласно теориите на германскиот физичар Макс Планк (1858-1947). Како таква е дел од системот на природни единици познати како Планкови единици, кои се темелат на универзални физички константи.
Таа е воедно и појдовна единица на Планковата температурна скала: Планкова температура = 1, апсолутна нула = 0, а сите други темепратури се децимали на TP. На пример, 0 °C = 1,928 × 10−30TP.
Дефиниција Планковата температура се дефинира вака:
1,416833(85) × 1032 K
каде: mP = Планковата маса c = брзина на светлината во вакуум е намалената Планкова константа чија дефиниција гласи k = Болцманова константа G = Гравитациска константа
Двете цифри пред заградите ја означуваат стандардната грешка на последните две цифри на проценетата вредност.
Важност Како и другите Планкови единици, Планковата температура 1 (единство) претставува фундаментална граница во квантната механика според денешните сфаќања, заедно со гравитацијата. Постоењето на температура поголема или еднаква на TP би ја срушило тековната физичка бидејќи немаме теорија на квантна гравитација.Апсолутна врелина - NOVA
Поврзано Планкова константа Планкови единици
Наводи
Надворешни врски NIST-ов прирачник: Планкова температура Што е спротивно на апсолутна нула?
Категорија:Единици за температура Температура Категорија:Физички константи Температура