Света Богородица — помала селска црква во струшкото село Радожда, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа над селото, сместена на месноста Селиште.

Историја

На местото Селиште имало остатоци од стариот храм на Света Богородица. Кај тоа црквиште во 1975 година бил подигнат помал храм, исто така посветен на Света Богородица. Народното предание наведува дека околу црквата се наоѓало најстарото село, а подоцна мештаните се спуштиле на денешната местоположба покрај езерото.

Селската слава се одржува на Голема Богородица кај црквата.

Галерија

Поврзано Струшко архијерејско намесништво Трета струшка парохија Радожда

Наводи

Надворешни врски

Радожда