Нојграбен-Фишбек е кварт на Хамбург, Германија, кој припаѓа на округот Харбург. Квартот се состои од старите населби Нојграбен и Фишбек и неодамна изградената зона Нојвидентал.
Историја
thumb|left|Меморијален камен за основањето на Фишбек во 1544
Историја на Фишбек
Фишбек бил првпат споменат во 1544 како Vischbecke. Во 1937, независното село Фишбек било припоено кон ХамбургЗакон за голем Хамбург.
Историја на Нојграбен
thumb|left|Меморијален знак „Истребување преку работа“ на бирото на квартот во Нојграбен-Фишбек.
Во 1937, независното село Нојграбен било припоено кон Хамбург.
Подкамп Нојграбен
Во Нојграбен се наоѓал подкамп на нацистистичкиот концентрационен логор Нојенгаме.Кампот е запишан како број 560 Хамбург-Нојграбен во официјалниот германски список на концентрациони логори. На 13 септември 1944, бил отворен женски подкамп во Фалкенбергвег. 500 чешко-еврејски жени, кои дошле од Гето Терезинштат биле депортирани од Аушвиц. SS во Аушвиц ги избирал жените за работа во Хамбург. Во кампот Нојграбен, работата била градба на помошни домови, исто така цевки за водоснабдување и градење на улици во населбата Фалкенбергзидлунг. Во текот на последните месеци на Втората светска војна некои од жените морале да работата во нафтената индустрија Харбург и да копаат противтенковски пречки во Хамбург-Хаусбрух. Во февруари 1945, СС ги пренел жените во кампот Хамбург-Тифстак, а подоцна оттаму во Берген-Белзен.Споменик Нојенгаме (на германски)
Географија
Нојграбен-Фишбек е југоисточно од квартот Нојенфелде, на североисток е Франкоп, на исток е квартот Хаусбрух. На југ е округот Харбург во германскаа покраина Долна Саксонија. Голем дел од квартот е природен резерват Harburger Berge (Харбуршки ридови) во јужниот дел. Нојграбен-Фишбек е мешавина на рурална и субурбана површина од 22,5 км2.
Во Нојграбен-Фишбек е највисоката точка на Хамбург, Хаселбрак, која достигнува 116,2 метри надморска височинаGeologisches Landesamt Hamburg (Покраинско биро за геолошки работи на Хамбург)
Демографија
Во 2006, во квартот Нојграбен-Фишбек живееле 27.103 луѓе. Густината на население била 1.204 жители на еден километар квадратен. 19% биле деца под 18, а 21,4% имале 65 години или повеќе. Странски жители биле 10,1% од населението. 1.644 луѓе биле регистрирани како невработени.Биро за регистрација на граѓаните, Извор: Статистичко биро за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Во 1999, имало 12.170 домаќинства, од кои 27,9% имале деца под 18, кои живееле со нив и 30,5% од сите домаќинства биле сочинети само од еден член. Просечната големина на домаќинството била 2,31.Извор: Статистичко биро за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
Население по години 1987 1988 1989 1990 1991 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999 25.603 25.794 26.228 26.384 26.505 26.643 26.643 27.415 27.381 27.630 27.589 27.657 27.753 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 27.685 27.601 27.453 27.599 27.377 27.218 27.103
Инфраструктура
Сообраќај
Нојграбен-Фишбек е опслужуван од системот на надземната железница на градските возови преку станиците Нојграбен и Фишбек.
Поврзано
Список на подлогори на Нојенгаме
Наводи
Надворешни врски
Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн , официјална страница Официјален германски список на концентрациони логори Verzeichnis der Konzentrationslager und ihrer Außenkommandos gemäß § 42 Abs. 2 BEG
Категорија:Четрти во Хамбург Категорија:Концентрационен логор Нојенгаме