Килопонд (од лат. pondus = „тежина“, симб. кп или kp„килопонд“ - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет) или килограм-сила (симб. кгс или kgF) е гравитациска метричка единица за сила. Единицата ја изразува силата на килограм маса во гравитациско поле од (стандардна гравитација, т.е. вопросечена вредност на Земјината тежа).„Меѓународен систем на мерни единици (SI)“ – NIST Затоа, еден килопонд по дефиниција е еднаков на .„Водич за употреба на Меѓународниот систем на единици (SI)“ - NIST SI - Брошура, гл. 2.2.2. - МБТМ Сразмерно на тоа, еден грам-сила (гс) изнесува , а еден милиграм-сила изнесува .

Покрај науката, единицата се користи и за изразување на напрегањето на велосипедските жици, за вртежен момент што се изразува во килопондметри (кмп)„Работа што ја извршува сила од 1 килопонд на пат од 1 м“ („килопондметар“ ) - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет за неформално изразување на притисок во килограми по сантиметар квадратен (1 кп/см2 = 1 ат ≈ 1 бар ≈ 1 атм), за повлечокот на лакот во стреличарството, и за дефинирање на „метричка коњска сила“ како 75 килопондметри во секунда и техничката атмосфера (ат) како 1 килопонд на сантиметар квадратен.

Сродни единици Во разни полиња присутни се и единиците тон-сила, мегаграм-сила и мегапонд (Мп), кои изнесуваат 1000 килопонди.

Во некои полиња се користи единицата декањутн (daN) како приближна на килопондот, со тоа што декањутнот има точно (наместо приближно) 10 њутни.

Поврзано Метрологија Фунта-сила

Наводи

Категорија:Единици за сила Категорија:Единици вон SI