Кулите — археолошко наоѓалиште во Водоча, Општина Струмица.

Претставува населба од хеленистичкото, римското и доцноантичкото време. На околу 3 км западно од селото има висок рид со зарамнето плато, издолжено во правецот север-југ, на кое на јужната страна се наоѓаат остатоци од бедем и една одбранбена кула. Во просторот што го оградувал бедемот, кој изнесува 60 × 40 м, се среќава множество фрагменти од керамички садови, според кои може да се заклучи дека тврдината била во функција најверојатно од 4 век п. н.е. до 4 век од новата ераКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко; Водочки манастир; Селиште; Тиверија;

Наводи

Категорија:Водоча