Градиште — археолошко наоѓалиште во струмичкото село Ново Коњарево. Претставува утврдена населба од доцноантичкото време и старохристијанска базилика.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа на западниот раб на селото, над самиот пат што води од Струмица за бугарската граница.
Опис
На пространа тераса со површина од 250 на 200 метри се среќаваат остатоци од бедем, фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди. Во непосредната близина на бедемот, од надворешната страна има остатоци од темели на црква со некропола.
Поврзано Селска Нива — населба од доцноантичкото време; Црквичка — доцноантичка и средновековна населба; Ново Коњарево; и Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко.
Наводи
Категорија:Ново Коњарево