Градиште — археолошко наоѓалиште во Попчево, Општина Струмица.
Претставува градиште од доцноантичкото време. На 1 км источно од селото се наоѓа ниска чука, на која во нивата на Г. Василев има остатоци од темели на бедем и фрагменти од керамички садови и питоси, кои се простираат на површина од 100 × 60 м. Била најдена и монета од 4 векКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко; Градиште Црква
Наводи
Категорија:Попчево