Требичино — археолошко наоѓалиште во Требичино, Општина Василево.

Претставува осамен наод од римско време. Од непознато наоѓалиште во атарот на селото потекнува мала плочка од ситнозрнест мермер со релјефна претстава на воин, поставен простум и ан фас. Облечен е во долга кошула со куси ракави и долги панталони, на градите му виси медалјон, а во десната рака држи копје. Плочката се чува во Заводот и музеј во СтрумицаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко; Дервен; Дрибол;

Наводи

Категорија:Требичино