250п|мини|десно|Арнакија со Долната џамија Арнакија — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба Арнакија се во Општина Сарај, во близина на Скопје. Селото лежи во западните предели на Скопската Котлина, во близина на автопатот Скопје - Тетово. Арнакија се наоѓа на десниот брег на Суводолица.

Селото традиционално се дели на маалата Горна и Долна Арнакија (или Горно и Долно Маало). Во 2014 г. Горна Арнакија е прогласена за самостојно село.

Историја Во век, селото е дел од нахијата Дервент во Скопската Каза во Отоманското Царство.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Анравуд и е муслиманско, со 15 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 62 мажи муслимани, со 5 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 134 жители.

Според податоците на Леонард Шулце Јена од 1927 година, во селото живеело албанско население.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927

Исто така, Афанасиј Селишчев во 1929 година наведува дека во селото живеело албанско население.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 300 Албанци.

Стопанство Атарот не е многу голем и зафаќа простор од 5,4 км2. На него пасиштата заземаат површина од 264,2 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 200,9 ха, а на шумите само 43,1 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.

Население

На пописот од 2002 година, селото имало 1.077 жители, од кои 4 Македонци, 1.063 Албанци, 1 Турчин, 9 Бошњаци и 4 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.163 жители, од кои 5 Македонци, 1.086 Албанци, 1 Турчин, 1 останат и 70 лица без податоци.

Родови Арнакија е албанско село.

Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се:

Доселеници: Кросе (9 к.) и Мирте (12 к.) доселени се од областа Љума во северна Албанија. Родот Кросе е во селото од почетокот на XIX век, и се најстар род во селото; Рамалар (6 к.) и Мусе (8 к.) доселени се однекаде од северна Албанија; Гоге (13 к.) и Пуре (5 к.) не знаат ништо за своето потекло. За родот Пуре некои тврдат дека потекнуваат од предок Ром.

Поврзано Горна Арнакија Општина Сарај Скопје

Наводи

Надворешни врски Сателитска снимка на Арнакија на Карти на Гугл