Грбот на Општина Гевгелија е официјалниот грб на оваа македонска општина.
Опис Грбот има форма на шпански штит обшиен со златна лента, во чиј горен дел, т.н. глава на штитот, е името на општина Гевгелија. Средишниот дел на штитот е поделен по вертикала: левата страна е во сребрена, а десната страна во бела боја. Во долниот дел на штитот, т.н. подножје, е аплициран амблем на цвет во зелена боја, над него две паралелни брановити линии, амблем за река во сина боја, на средината е амблем на планината "Кожув" во сиво сина боја и во горниот дел се зраци од сонце во вид на круна со црвена боја.
Наводи
Поврзано Знаме на Општина Гевгелија Грбови на општините во Македонија Општина Гевгелија
Надворешни врски Статут на Општина Гевгелија Официјално мрежно место на Општина Гевгелија
Категорија:Општина Гевгелија Гевгелија