Гентин () — град во округот Јерихов, во сојузната покраина Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа на Каналот Елба-Хафел, околу 50 километри североисточно од Магдебург и 27 километри западно од Бранденбург на Хафел.

Гентин бил седиште на општинската заедница Елба-Штреме-Финер. Ноќта на 21-22 декември 1939 се случила железничка несреќа во која загинале 278 лица; во чест на жртвите е подигнат споменик во градот.

лево|мини|Споменик за жртвите во железничка несреќа.

Наводи

Категорија:Јерихов (округ) Категорија:Саксонија (пруска покраина)