Хамбург-Мите (буквално: Хамбург-Центар) се наоѓа во Слободниот и ханзеатски град Хамбург, Германија е еден од седумте окрузи на Хамбург, покривајќи го поголемиот дел од урбаниот центар на градот Хамбург. Квартовите Хамбург-Алтштат (буквално: Хамбург-Стар град) и Нојштат (буквално: Нов град) се историските јадра на Хамбург.

Историја

thumb|left|Хамбург во 18-от век, Millerntor во Занкт Паули, Хамбург (Црквата Свети Михаил во градот)

Во 1937 неколку населби (н.п. Финкенвердер), села и рурални области се припоиле кон Хамбург, по влегувањето во сила на Законот за голем Хамбург.

На 1 март 2008, поради законот во Хамбург,Закон за територијална организација, квартот Вилхелмсбург бил преместен од округот Харбург. Соседството Хафен Сити било создадено од делови на квартовите Клостертор, Алтштат и Ротенбургсорт. Другиот дел на Клостертор бил припоен кон Хамерброк. Од мали делови на округот Хамбург-Мите (и Алтона и Ајмсбител) соседството Штерншанце било создадено како кварт во округот Алтона.

Географија

Округот го прекинува Хамбург од исток кон запад. Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, Хамбург-Мите имал вкупна површина од 107,1 км2.

Се состои од квартовите Билброк, Билштет, Боргфелде, Финкенвердер, Хафен Сити, Хамбург-Алтштат, Хам-Норд, Хам-Мите, Хам-Зид, Хамерброк, Хорн, Клајнер Грасброк, Нојштат, Нојверк, Ротенбургсорт, Занкт Георг, Занкт Паули, Штајнвердер, Федел, Валтерсхоф и Вилхелмсбург.

Демографија

Во 2006, во округот живееле 233.144 луѓе. Густината на населеност била 2.177 жители на км2. 14,9% биле деца под 18 години, а 15,6% имале 65 или повеќе години. 43% биле со имигрантско потекло. 17.550 лица биле регистрирани како невработени.Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (31.12.2006)

Во 1999, имало 126.753 домаќинства од кои 17,9% имале деца под 18 години кои живееле со нив, а 52,4% од сите домаќинства биле составени од еден член. Просечната големина на домаќинството била 1,83.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)

Население по години 1987 1988 1989 1990 1991 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999 232.467 235.759 242.434 249.156 250.585 252.695 251.965 248.802 246.374 242.029 237.648 230.542 228.349 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 228.060 227.199 227.915 228.117 227.557 230.680 233.114

Во 2006, имало 71.559 кривични дела во округот (307 дела на 1000 жители).Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Окружен парламент

Симултано со изборите за покраинскиот парламент (Bürgerschaft), се избира и Bezirksversammlung како тело на претставници на граѓаните. Се состои од 53 претставници.

Избори

Изборите биле одржани во Хамбург на 24 февруари 2008. Четири партии, кои имале над 5 проценти на неодамнешните избори (минимум за избори) се социјалдемократската SPD, конзервативната CDU, еколошката Зелена партија (GAL) и левата Die Linke. Либералната FDP имала 2 директно избрани претставници.Конечни изборни резултати, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2008)

thumb|250px|left|Германски графикон за местата во окружниот парламент во Хамбург-Мите

Партија Проценти Места SPD 37,2 17 CDU 31,6 21 GAL 13,2 7 Die Linke 10,2 6 FDP 4,2 2

Образование

Округот има 31 основно училиште и 31 средно училите.

Култура

thumb|left|Црквата Свети Михаил во 2005

Рекреација

Planten un Blomen (Растенија и цвеќиња) е парк, кој се наоѓа во квартовите Занкт Паули и Нојштат. Во квартот Билштет се наоѓа Ејендорфското Езеро.

Економија

Објектите на пристаништето Хамбург главно се наоѓаат во квартовите Клајнер Грасброк, Штајнвердер, Федел и Вилхелмсбург.

Инфраструктура

Главната локална канцеларија (Bezirksamt Hamburg-Mitte) се наоѓа на улицата Клостервал и има уште други 4 локални бироа, наречени Customer Centre Hamburg-Mitte, Customer Centre Billstedt, Customer Centre St. Pauli и Customer Centre Wilhelmsburg. Бироата се одговорни меѓудругото за пријавување на жителите поради студирање или работа по влегувањето во државата.

Здравствен систем

Има 125 дневни центри за деца и 536 лекари во приватни ординации и 72 аптеки. Asklepios Klinik St. Georg, која се наоѓа во квартот Занкт Георг, е главната болница во Хамбург-Мите.

Сообраќај

Округот е опслужуван од железничкиот систем на градските возови и подземната железница со неколку станици. Централната станица Hamburg Hauptbahnhof е исто така железничка станица за возови на подолги одредишта на германската железничка компанија.

Според секторо на моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во округот Хамбург-Мите биле регистрирани 66.381 приватно возила (290 возила на 1000 жители).Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (31.12.2006) Имало вкупно 2.432 сообраќајни несреќи, вклучувајќи и 1.905 со жртви.Статистика за сообраќајни несреќи, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Наводи

Надворешни врски

Службена страница на Хамбург-Мите Службена страница на Хамбург Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница Закон за територијална организација, 6 јули 2006 Gesetz über die räumliche Gliederung der Freien und Hansestadt Hamburg (RäumGiG)

Категорија:Окрузи во Хамбург