Клајнер Грасброк е кварт (Stadtteil) на Хамбург, Германија во рамките на округот (Bezirk) Хамбург-Мите. Се наоѓа на истоимениот остров помеѓу северните и јужните разграноци на реката Елба (Norderelbe и Süderelbe), заедно со другите квартови Штајнвердер, Федел и Вилхелмсбург. Скоро потполно се состои од објекти на Хамбуршкото пристаниште. Четирите квартови технички сите се квартови, но се разделени со нивни посебни брани.

Историја

Се верува дека гусарот Клаус Штертебекер бил обезглавен на островот Грасброк во 1400 или 1401.

Во текот на Втората светска војна пристаништето Хамбург, а со тоа и Клајнер Грасброк биле цели на воздушните напади во т.н. Операција Гомора. Од средината на јули 1944 до октомври 1945, подкампот Десауер Уфер на концентрациониот камп Нојенгаме постоел во квартот.Кампот е запишан под број 557 Хамбург-Гајленберг, во службениот германски список

Ноќта од 16 февруари до 17 февруари 1962, островот бил целосно поплавен и сериозно оштетен од поплавите на Северното Море.

Географија

Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, кварто Клајнер Грасброк имал вкупна површина од 4,5 км2. Клајнер Грасброк се граничи на север со квартот Хафен Сити. На исток е квартот Федел, а на запад квартот Штајнвердер. На југ е квартот Вилхелмсбург.

Демографија

Во 2006, Клајнер Грасброк имал 1.219 жители. Густината на населеност била 274 жители на км2. 12,7% од населението биле деца под 18 години,а 8% имале 65 години или повеќе. 55,9% биле странци. 137 лица биле пријавени како невработени.Биро за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2007) Во 1999, имало 694 домаќинства од кои 21,3% имале деца под 18 години, кои живееле со нив и 47,7% од сите домаќинства се составени од индивидуалци. Просечната големина на домаќинството била 1,95.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)

Население по години 1987 1988 1989 1990 1991 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999 1.177 1.203 1.285 1.390 1.488 1.583 1.607 1.624 1.643 1.512 1.492 1.362 1.345 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 1.326 1.345 1.320 1.384 1.368 1.299 1.262 1.219

Во 2006, имало 334 кривични дела (274 дела на 1.000 луѓе).Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2007)

Економија

thumb|Дел од складиштетот Schuppen 50, во 2008, подрачно биро на трудовиот музеј. thumb|Претставништвото на Хамбуршките пристанишни власти.

Делови на пристаништето во Хамбург се наоѓаат во квартот Клајнер Грасброк.

Инфраструктура

Во квартот нема училишта, ниту лекари, ниту пак аптеки.

Сообраќај

Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот биле регистрирани 113 приватни возила (93 возила на 1000 лица).Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2007)

Наводи

Надворешни врски

Страница на Клајнер Грасброк Kleiner Grasbrook e.V.. Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница

Категорија:Четрти во Хамбург